Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.558 тестирања, а има 199 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 157
- Куманово и Кавадарци – по 6
- Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4
- Велес- 3
- Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2
- Богданци – 1
Пријавени се 32 починато лице: 13 од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 од Велес (72г, 64г) и по едно од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г). 30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од:
- Скопје – 164
- Тетово – 115
- Струмица – 50
- Куманово – 40
- Гостивар – 35
- Штип – 26
- Кавадарци – 20
- Кичево – 15
- Битола – 14
- Велес – 11
- Дебар – 10
- Ресен и Пробиштип – по 9
- Валандово – 8
- Прилеп – 7
- Кочани -6
- Кратово – 5
- Неготино и Радовиш – по 4
- Свети Николе – 2
- Виница и Богданци – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781.