Почетна » Новости » Актуелно » 19 новозаболени, 16 оздравени и 4 нови смртни случаи од коронавирус кај нас

19 новозаболени, 16 оздравени и 4 нови смртни случаи од коронавирус кај нас

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денес Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа, направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (11), Куманово (2), Прилеп (1), Тетово (1), Велес (1), Гостивар (1), Струмица (1) и Виница (1). Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на КОВИД-19.

коронавирус

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.