Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие е направено 3.101 тестирање, а има 143 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 79
- Гостивар – 16
- Кичево – 12
- Дебар – 8
- Куманово – 7
- Тетово и Струга по 6
- Радовиш – 3
- Струмица – 2
- Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод по 1
Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31г и 70г).
Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од:
- Дебар – 9
- Скопје – 8
- Тетово – 5
- Гостивар – 3
- Свети Николе и Пехчево по 2
- Кавадарци, Битола и Гевгелија по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.