Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.952 тестирања, а има 13 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје и Тетово – по 3
- Охрид и Кичево – по 2
- Куманово, Прилеп и Струмица – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од:
- Скопје – 14
- Кичево – 4
- Прилеп – 3
- Куманово, Битола и Кочани – по 2
- Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255