Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 5.569 тестирања, а има 1.092 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 452
- Битола 85
- Куманово 80
- Прилеп 49
- Кавадарци 45
- Велес 41
- Струмица 36
- Охрид 33
- Тетово 30
- Штип 27
- Кичево 22
- Гостивар и Кочани по 21
- Гевгелија 18
- Струга 15
- Ресен 13
- Радовиш 11
- Делчево 10
- Дебар и Берово по 8
- Свети Николе, Крива Паланка и Пробиштип по 7, Дојран 6
- Неготино, Виница, Богданци и Демир Хисар по 5
- Валандово, Македонски Брод и Македонска Каменица по 4
- Демир Капија 3
- Крушево и Пехчево по 2
- Кратово 1
Пријавени се вкупно 32 починати лица: 10 од Скопје (91г, 83г, 65г, 79г, 2 лица по 74г, 72г, 70г, 63г и 60г), по 2 починати пациенти од Куманово (73г и 65г), Прилеп (90г и 81), Тетово (77г и 74г), Гостивар (78г и 48г), Кавадарци (70г и 46г), Гевгелија (66г и 61г) и Виница (67г и 64) и по 1 починат пациент од Битола (88г), Берово (76г), Велес (81г), Крива Паланка (61г), Неготино (61г), Охрид (81г), Свети Николе (70г) и Штип (64г).
Регистрирани се 2.003 оздравени пациенти од:
- Скопје 1145
- Кавадарци 147
- Охрид 101
- Неготино 81
- Струга 71
- Куманово 57
- Прилеп 53
- Битола и Велес по 43
- Тетово 34
- Штип 32
- Гостивар 27
- Струмица 26
- Гевгелија 23
- Делчево 17
- Крива Паланка 15
- Кичево 14
- Кочани 10
- Берово и Демир Капија по 9
- Ресен 7
- Свети Николе и Радовиш по 6
- Пробиштип, Валандово, Богданци и Македонски Брод по 5
- Виница и Крушево по 3
- Дојран 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.