Преку глава ви е од броење на деновите за да го следите вашиот менструален циклус? Сега има лесен начин во секој момент точно да знаете кога ќе настапи месечниот циклус, предвиденото времетраење на циклусот, како и можност за дополнително предвидување на вашите плодни денови – мобилната апликација Caffetin Menstrual.
Македонската апликација е изработена од Алкалоид и е наменета за сите припаднички на понежниот пол кои користат смартфон со Android или iOS платформа. Преку неа можете да водите сопствена евиденција за циклусот и едноставно да се подготвите за „оние“ денови во месецот.

Овозможено е користење календар за визуализација на којшто може да се обележат сите нешта поврзани со циклусот и со овулацијата на жената, како симптоми, расположение, забелешки, користење таблети за намалување (неутрализирање) на болката и сл.
Освен календарот, можно е и водење дневник за менструација, плодност и за овулација, како и водење месечна и неделна статистика и правење споредби. Апликацијата може лесно да се сподели на социјалните мрежи, како и да се врши рангирање на Google Play и App Store.
