Почетна » Кариера » Барање работа » Интервју: најчести прашања и соодветни одговори

Интервју: најчести прашања и соодветни одговори

На интервју за работа, очекувајте прашања сврзани со квалификацијата, образованието, работното искуство, но и такви за вашиот карактер. Постојат одредени прашања кои се поставуваат без разлика за каква позиција кандидирате. Поради стресот, понекогаш е тешко да се даде одговор.

Интервју за работа
Прашањата на интервју за работа најчесто се сврзани со вашата квалификација, образованието, минатото работно искуство и вашиот карактер.

Добрата вест е што можете да се подготвите за нив и ние ќе ви помогнеме. Сепак, за да покажете дека сте исклучителен кандидат, треба да одговорите не само на типичните прашања, туку и на неочекуваните.

Кажете ни накратко за себе си?

Ова е најчесто поставуваното прашање на интервју за работа. Поради тоа што е толку општо, многу е тешко да го најдете правилниот одговор. Затоа, подгответе си предвреме краток текст во кој ќе се фокусирате врз:

  • вашите најголеми постигнувања на претходната работа или во образованието;
  • начините на кои што ќе придонесете за компанијата, од позицијата за која што кандидирате.

Кои се вашите силни и слаби страни?

Ова прашање воопшто не е пријатно, особено ако сте срамежлива личност. Со него вашиот потенцијален работодавач цели да разбере дали вие можете да бидете самокритични.

Не влегувајте во замка со набројувањето на цел список силни страни и само 1-2 слабости. Не треба да бидете премногу скромни, но не треба ни да претерувате со фалби. Набројте неколку силни страни како трудољубива, точна и одговорна.

Кога станува збор за слабите страни, малку станува потешко, затоа што не би сакале да им посочите зошто не треба да ве вработат. Изберете такви слаби страни, кои нема да ви одземат од поените. На пример кажете дека сте голема перфекциониста или дека премногу се залагате за работата и понекогаш тоа резултира со поголем стрес.

Зошто ја напуштивте последната работа?

Не паничете и внимавајте со одговорот на ова прашање. Во никој случај не започнувајте да кажувате лоши работи за претходниот работодавач или за колегите. Ако го направите тоа, оставате лош впечаток. Бидете искрени.

Ако ве отпуштиле- бидете искрени, но не навлегувајте во детали. Не се оправдувајте и објаснете што се научиле од тоа искуство и истакнете дека тоа ве направило поголем професионалец.

Ако самостојно сте напуштиле, можете да кажете дека претходната работа не била доволен предизвик за вас или дека сте подготвени да одите на следната скала од вашиот професионален развиток, а точно тоа работно место ќе ви го осигури тоа.

Што знаете за нашата фирма?

Не си дозволувајте да одите на интервју, без да сте подготвени за одговорот на ова прашање. Побарајте информација за фирмата пред да се јавите на интервјуто. Ако фирмата има свој сајт, можете подробно да се запознаете со нејзините цели, репутација, партнери, проблеми и сл.

Со вашиот одговор треба да го убедите интервјуерот дека се интересирате од точно таа позиција, во точно таа фирма и дека не ви е сеедно каде ќе работите. Барањето информација нема да ви одземе многу време, а вие ќе избегнете да се чувствувате неудобно кога ќе ви го постават ова прашање.

Зошто сакате да работите на оваа позиција?

Немојте да започнувате со филозофски приказни дека тоа е работата од вашите соништа и дека би направиле сè да ја добиете. Наместо тоа, објаснете дека сте силни во таа област и дека сакате да се развивате во таа сфера на дејност.

Каква плата очекувате?

Не се обидувајте да го избегнете одговорот на ова прашање. Секој треба да си стави своја цена. Не кажувајте премногу ниска плата со цел да не изгледате преценети, затоа што потоа тешко ќе можете да си издејствувате повисока плата.

Направете свое мало истражување на пазарот, за да дознаете горе-долу како се движат платите, за позицијата за која кандидирате.

За што се интересирате, имате ли хоби?

Со одговорот на ова прашање треба да покажете дека сте сестрана личност, која се интересира од многу работи. Можете да споменете некој научен интерес надвор од вашата област, но ако зборувате само за сериозни работи, може да изгледа дека е пресилено и дека лажете.

Посочете што правите после работа како читање книги, гледање филмови, омиленото хоби или спорт и сл.

Зошто да ве избереме вас?

Треба да го убедите потенцијалниот работодавач дека нема друг посоодветен кандидат од вас. Ако имате работно искуство, посочете ги способностите и искуството кои сте ги придобиле на претходната работа како силни страни.

Доколку ова ви е прва потенцијана работа, посочете дека сте млада кандидатка која може да донесе нови, свежи идеи и која има енергија да се справи со секакви ситуации и работа под стрес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.