Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Д-р Живорад Коцевски: Липосукција – сè што сте сакале да знаете

Д-р Живорад Коцевски: Липосукција – сè што сте сакале да знаете

Липосукција претставува хируршка метода од доменот на естетската хирургија со која можеме трајно и селективно да отстраниме вишок масти од одредена регија на телото. Методата најлесно може да се опише како метода со која можеме да направиме преобликување односно ремоделирање на телото. Оваа процедура најчесто се користи за контурирање на масното ткиво во зоните: стомак, колкови, бутната регија и подбрадокот. Таа може да се користи и на други локации како што се: грбот, лицето, глутеусите, подколениците, надлактиците и вратот.

Жан Митрев

Липосукцијата не претставува техника за третман на обезност (прекумерна тежина) и не е замена за здрава диета и активен начин на живот. Липосукцијата е најпогодна метода за луѓе со нормална телесна тежина кои имаат вишок на масти во одредена регија на телото. Оваа метода е најпогодна за лица кои имаат цврста и еластична кожа бидејќи кај такви лица ефектот ќе биде најдобар. Кај лица кои имаат тенка кожа, кожа со стрии, како и лица кои имале масивен губиток на тежина, липосукција не претставува метода од избор.

Иако не постои ограничување во однос на тоа на која регија може да се направи липосукција, сепак постои ограничување во вкупниот волумен на масни наслаги кој може да се отстрани, истиот изнесува 5 литри масно ткиво. Липосукцијата покрај горенаведените можности за отстранување на непосакувано масно ткиво од одредени регии, како хируршка метода може да послужи и за намалување на градите – третман на гинекомастија кај лица од машкиот пол.

Пред да се одлучи за ваков оперативен зафат, потребно е лицето да биде во добра општа состојба и што е најважно со стабилна телесна маса. Идеален кандидат за липосукција е лице кое има 5 до 10kg вишок телесна тежина и е на возраст од 25 до 45 години. Бидејќи во овој случај кожата е најеластична и има најголема можност за опоравување, односно затегнувањето на телото тогаш е најефикасно.

Жан Митрев

Масното ткиво е богато со фактори на раст и матични клетки, односно претставува погоден материјал за естетска корекција и на други делови на телото. Ова ткиво кое ќе се извади во тек на липосукцијата, со преработка, може да се користи како биолошки филер за пополнување на усни, јагодици, третман на бори и на други делови на телото каде што е потребно постигнување складен и совршен изглед.

Липосукцијата спаѓа во минимално инванзивните процедури. Во тек на истата, се прават мали отвори на површината на кожата кои се со големина помала од 1cm, а служат како влезни точки преку кои се вметнуваат канилите (шупливи цевчиња), односно специфични инструменти кои служат за извлекување на масното ткиво. Канилите се со различен облик и големина и сите имаат различна намена, а служат за да се постигнување рамномерно извлекување на поткожната маст. Пред да се започне со извлекувањето на вишокот на масти, во самата маст потребно е да се вбризга раствор кој содржи мешавина од електролити, адреналин и локален анестетик наменети за намалување на компликациите како крварењето, намалена постоперативната појава не модринки, како и намалување на можноста за развој на масна емболија.

Липосукцијата како оперативен третман може да траење меѓу 1 и 5 часа. Секако тоа зависи од површината која треба да се третира и дебелината на масниот слој. Затоа, со цел да се обезбеди најсоодветен комфор како за пациентот така и за хирургот кој ја изведува, се препорачува операцијата да се спроведе во општа анестезија.

Што се однесува до закрепнувањето, во постоперативниот период, пациентот потребно е да носи компресивен аксесоар – мидер, за конкретниот дел од телото каде што е направена липосукцијата. Компресијата е од голема важност, бидејќи под притисок кожата на третираното место ќе закрепене и ќе се затегне без виснување. Враќањето на секојдневните активности е можно по 5 до 7 дена. Секако е индивидуално бидејќи зависи од третираното лице, возраста, животните навики и други фактори. Комплетно закрепнување и способност за извршување и на тешка физичка активност можни се по 3 до 4 недели од липосукцијата.

Жан Митрев

Кога е во прашање естетска хирургија и интервенција како што е липосукцијата, многу е важно пациентот да се држи до сите совети и упатства кои хирургот ги дава пред операцијата. Целта е секако што полесно да се поднесе операцијата, побргу да се закрепне и компликациите да се сведат на минимум. Поради тоа, предоперативно потребно е да се направи следното:

  • Доколку пациентот е пушач, да престане со пушење, што ќе доведе до подобрување на еластичноста на кожата (најмалку 4 недели пред операцијата)
  • Да се започне со витаминска терапија, со цел да се постигне антиоксидансен ефект од витамините (најмалку 4 недели пред операцијата)
  • Да се избегнува внес на тешка храна, особено храна која доведува до надуеност кај пациентот (најмалку 4 недели пред операцијата)
  • Пациентот да се подложи на компресивна терапија, односно лимфна дренажа (2 недели пред операцијата), а по операцијата се препорачува спроведување масажи за лимфна дренажа во комбинација со компресивна пресо терапија.

Со цел да ги разрешите сите дилеми поврзани со липосукцијата, закажете термин кај д-р Живорад Коцевски-пластичен хирург на 02/3091-484.

Медицина

Д-р Живорад Коцевски
Специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.