Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 7 намирници за забрзување на метаболизмот

7 намирници за забрзување на метаболизмот

Базалниот метаболизам е комбинација на биохемиски реакции кои создаваат енергија неопходна за одржување на основните животни функции на организмот како дишење, мислење, циркулација на крвта, раст и делба на клетките, одржување на нормалната телесна температура, контракција на мускулите, варење на храната и одржување на функцијата на мозокот и нервите. Храна за побрз метаболизам

Стапката на базалниот метаболизам, односно бројот на потребни калории за одржување на основните животни функции, е индивидуална и може да изнесува 60-75%. Тоа значи дека од калориите кои ги внесувате за 24 часа, 60-75% се искористува за енергија за базалниот метаболизам, додека остатокот, доколку не се потроши (најчесто преку физичка активност), се складира во вид на масно ткиво. Затоа, лицата кои имаат повисока стапка на базален метаболизам, можат да конзумираат поголемо количество храна, без да покачат телесна тежина. За разлика од нив, лицата со ниска стапка на базален метаболизам потешко ги согоруваат внесените калории.

Се смета дека мажите согоруваат повеќе калории за разлика од жените дури и кога не се активни. Исто така, познат факт е дека после 40-тата година од животот метаболизмот прогресивно се забавува. Но, и покрај тоа што не можете да влијаете на одредени фактори како пол, возраст, генетска предиспозиција, постојат начини за забрзување на метаболизмот како: практикување на физичка активност, консумирање на минимум 2 литри вода дневно и одржување на балансирана исхрана со чести и редовни здрави оброци.

Последните неколку години сè поактуелна е темата дали одредени намирници може да влијаат врз брзината на метаболизмот. И покрај тоа што се направени голем број истражувања, научниците сè уште се со поделени мислења дали постои реален бенефит од консумирање на одредени намирници.

Следните продукти се најдоа на листата производи кои според дел од научниците може да ја забрзаат стапката на базалниот метаболизам.

Чили

Храна за побрз метаболизам

Можеби не ви се омилени, но истражувањата покажуваат дека чили пиперчињата го забрзуваат метаблизмот и согорувањето на масното ткиво. Тајната е во состојката позната како капсаицин, која може дополнително да го зголеми согорувањето за околу 50 до 116 калории дневно. Сè уште не е утврдено колку милиграми на капсаицин се потребни за да се постигне овој ефект, но дел од студиите потврдуваат дека ниски дози на капсаицин пред oброците, го намалуваат бројот на калории кои што се консумирани, особено ако имаат потекло од јагленихидрати.

Зелен чај

Храна за побрз метаболизам

Источна Азија има долга традиција за консумирање на зелен чај со цел подобрување на здравјето. Последните неколку години сè повеќе научници истражуваат колку зелениот чај има позитивен ефект во намалувањето на телесната тежина.

Тоа што до сега е познато е дека зелениот чај ја зголемува термогенезата и оксидацијата на мастите. Се смета дека тајната е во кофеинoт и катехините, состојки кои може да се пронајдат во зелениот чај и кои имаат одличен ефект во забрзувањето на метаболизмот и тоа од 4 до 10%. Тоа би значело дека со консумирање на зелен чај, може да потрошите до 100 калории дневно. Дополнително, ја зголемува способноста за согорување на мастите за 17%.

Сепак, овие вредности за моќта на зелениот чај се индивидуални и често варираат.

Какао

Храна за побрз метаболизам

Со консумирање на какао можете на вкусен начин да му помогнете на вашиот метаболизам побрзо да работи. Дел од истражувањата покажуваат дека какаото помага во експресијата на гени, кои стимулираат употреба на мастите како извор на енергија. Исто така, ја редуцира апсорпцијата на дел од внесените калории. Се советува какаото да го внесувате во сирова форма, со цел максимално да ги искористите придобивките.

Јаболков оцет

Храна за побрз метаболизам

Се смета дека јаболковиот оцет активира специфични ензими со чија помош се намалува наталожувањето на мастите и се забрзува нивното согорување. Доколку сакате да ја намалите телесната тежина, се препорачува консумирање на две супени лажици (30мл) јаболков оцет секој ден. Бидејќи оцетот може да предизвика иритација на грлото и хранопроводот, како и оштетување на површинскиот слој на забите, се советува да се пие во комбинација со вода или смути. Исто така, може да го додадете во салата заедно со маслиново масло или во комбинација со сос како додаток на главното јадење.

Кафе

Храна за побрз метаболизам

Кофеиниот може да го забрза метаболизмот до 11%. Се претпоставува дека 270мг кофеин дневно, што е еквиваленто на 3 чаши кафе, може да помогне да согорите додатни 100 калории. Дополнително, кофеинот ја зголемува енергијата, а со тоа и издржливоста при практикување на физичка активност.

Сепак, не се советува прекумерна употреба на кофеинот бидејќи може да доведе до инсомнија, нервоза, срцебиење, иритација на желудникот, гадење и повраќање. Во ретки случаи, при консумирање на многу високи дози кофеин, може да се јави градна болка, анксиозност, агитација и зуење во ушите.

Мешунки

Храна за побрз метаболизам

Мешунките се богати со протеини, растителни влакна, аминокиселини, магнезиум, железо, витамин Ц и Б. Се смета дека редовното внесување на мешункасти растенија како леќа, грав, наут, го забрзува метаболизмот и ја зголемува шансата за намалување на телесната тежина.

Тајната е во две состојки познати како инозитол и холин, кои овозможуваат побрза обработка и согорување на мастите наместо нивно складирање.

Храна богата со протеини

Храна за побрз метаболизам

Храната богата со протеини како риба, јајца, млечни производи и јаткасти плодови, може да го забрза вашиот метаболизам. Дел од научниците тврдат дека за разлика од храната базирана на јагленихидрати (5-10%) и масти (0-3%), протеинската исхрана ја зголемува стапката на базалниот метаболизам за 15-30%.

Забелешка: За жал, потребни се повеќе студии за со сигурност да се потврди ефикасноста на овие намирници врз метаболизмот. Но, и покрај дилемата дали постои реален бенефит од консумирање на овие продукти, сепак тие во никој случај не треба да се замена за здравиот начин на живот. Физичката активност и правилниот начин на исхрана се единствената сигурна опција за намалување на телесната тежина и одржување на стапката на базален метаболизам.

Медицина

Д-р Марија Михајловска
Доктор по медицина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.