Почетна » Здравје » Интимно » Д-р Маќули Хаџи Лега: Дали скречингот ги зголемува шансите за забременување?

Д-р Маќули Хаџи Лега: Дали скречингот ги зголемува шансите за забременување?

Скречингот се препорачува кај пациентки коишто два или повеќе пати имаат неуспешно ин витро
Д-р Хаџи-Лега

Скречингот или ендометријалното загребување претставува метода која што може да се изведе на два начина. Со киретажа, загребување на ендометриумот на матката со инструмент, односно едноставно се загребува слузницата на матката и се отстранува дел од неа, со што се постигнува пролиферација на крвните садови на самата матка и на ендометриумот и со тоа подобро снабдување на матката и ендометриумот со крв и следствено на тоа, полесна имплантација и забременување на пациентката.

Њуборн Клиника

Втората метода е да се изведе таа интервенција хистероскопски, т.е. со камера се влегува во матката. Трансвагинално ја гледаме слузницата на матката и директно се загребува, што значи методот е пак ист. Повторно се загребува ендометриумот, со што се смета дека се постигнува една подобра циркулација на ендометриумот на матката и на самата матка. На тој начин ја подготвуваме матката, за со наредната стимулација или со наредното враќање на ембриони тој ендометриум да биде поквалитетен и на некој начин да го прифати ембрионот, за пациентката да остане трудна.

Треба да се спомене дека самата метода на скречинг по некои протоколи не е препорачлива во секој циклус, туку најчесто се препорачува кај пациенти коишто два или повеќе пати прават ин витро, односно ако не останат трудни, тогаш се препорачува да се примени оваа метода.

Сметам дека скречингот навистина има ефект
Д-р Хаџи-Лега

Од мое лично искуство, можам да кажам дека еве во изминатата година, можеби 7-8 пациентки кои што имале неколку последователни неуспешни ин витра, по скречингот останаа трудни и мислам дека навистина има ефект таа метода. Но, како што рековме, по 1, 2 или 3 обиди доколку не дојде до забременување, тогаш ја применуваме. Не априори дека со секое ин витро треба да се прави скречинг.

Њуборн Клиника

За тој скречинг имаме тајминг – се прави на 20 или 21 ден од претходниот циклус кога планираме да правиме ин витро или во тек на самиот циклус кога се планира да се прави ин витро на 3 или 4 ден од циклусот. Тоа го правиме во договор со пациентите. Од мое лично искуство, јас го правам пред пациентката да добие менструација, 21 или 22 ден.

Медицина

Д-р Маќули Хаџи-Лега
Гинеколог-акушер и ИВФ специјалист
„Њуборн Клиника“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.