Почетна » Здравје » Интимно » 12 основни правила за интимна хигиена кај жените

12 основни правила за интимна хигиена кај жените

Жените често разговараат и разменуваат искуства и совети за негата на кожата, косата и за користењето на шминка. Но, многу ретко тема на разговор е значајната интимна хигиена.

Одржувањето на хигиената во интимната зона е екстремно важно за жените, и тоа не само за да се чувствуваат почисто и посвежо, туку и за да ги избегнат непријатните и понекогаш опасни здравствени проблеми кои можат да се појават.

Интимна хигиенаИнтимната хигиена е екстремно важна за здравјето на секоја жена

Еве ги основните правила за одржување на беспрекорна хигиена таму долу:

  1. Обичните сапуни и гелови за туширање не се соодветни за миење на вагината. Најголем дел од сапуните и геловите се наменети за одржување на природната pH вредност на кожата, којашто изнесува 5,5. Но, нормалната pH вредност на здрава вагина се движи од 3,8 до 4,5. Користењето на обични сапуни може да ја наруши природната вагинална флора, а со тоа се овозможува непречено развивање и размножување на штетните бактерии. Како последица може да се појави иритација, чешање, болка, непријатна миризба, абнормален исцедок или инфекција. Затоа, бидете внимателни при купувањето на производи за интимна хигиена. Голем дел од гинеколозите советуваат користење само на топла вода, но ако решите дека тоа не е доволно, користете само производи наменети за нега на интимната зона.
  2. Мијте ја само надворешноста на вагината. Вагината има способност сама да се прочистува, па затоа не е неопходно да ја промивате внатрешноста, дури и може да се каже дека е штетно. Тоа значи дека треба да ги миете вулвата, усните и областа околу клиторисот.
  3. Мијте се долу еднаш дневно. Барем еднаш дневно мијте ги интимните делови со топла вода. Се препорачува да се миете по секое празнење на цревата за да го спречите пренесувањето на бактерии до вагината. Кога имате менструација, мијте се двапати дневно само со топла вода.
  4. Не користете сунѓерчиња или ракавици. Сунѓерите и ракавиците може да ѝ нанесат мали повреди на нежната деликатна кожа на вагината. За време на миењето доволно е да ја искористите вашата рака.
  5. Не го насочувајте млазот вода директно кон вагината. Водата нека тече одгоре надолу за да го спречите влегувањето на бактерии во внатрешноста.
  6. Секогаш користете мека сува крпа. Крпата со која се бришете по миењето треба да биде мека и целосно сува. Менувајте ја на секои 2-3 дена и користете ја само и единствено вие.
  7. Бришете се однапред наназад. По посета на тоалет, бришете се со тоалетната хартија однапред наназад, т.е. од вагината кон анусот.
  8. Носете памучна долна облека. Памучната облека ѝ овозможува на кожата да дише. За разлика од памукот, синтетичките материјали го спречуваат циркулирањето на воздухот, ја зголемуваат влажноста во интимната зона и на тој начин создаваат идеална средина за развој на бактерии. Секојдневно носете памучна долна облека, а гаќичките со чипка зачувајте ги само за специјални вечери. Исто така, избегнувајте го носењето на тесни фармерки и панталони.
  9. Мијте ги интимните делови пред и по сексуален однос. Покрај тоа, многу е важно и вашиот партнер да одржува добра интимна хигиена.
  10. Сексот за време на менструација носи зголемен ризик за појава на инфекции. Затоа, избегнувајте го. Ако сте склони кон појава на инфекции, апстинирајте додека не ви заврши менструалното крварење.
  11. За време на менструација менувајте ги хигиенските влошки на секои 2-4 часа. Не си дозволувајте да останете со иста влошка повеќе од 4 часа. Во таков случај не само што нема да се чувствувате свежо, туку и им давате простор на штетните бактерии да се размножуваат.
  12. Користете тампони поретко и менувајте ги на секои 2-3 часа. НИКОГАШ не треба да спиете со тампон. Тампоните треба да се менуваат редовно затоа што може да предизвикаат инфекции или синдром на токсичен шок, кој се смета за потенцијално фатална болест. Не користете тампони ако имате инфекција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20992 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.