Цистит

Што претставува?

Циститот е воспаление на мочниот меур. Во најголем дел од случаите тоа воспаление е предизвикано од бактериска инфекција и се смета за инфекција на мочните патишта.

Цистит
Циститот најчесто се лекува со антибиотици, а симптомите најчесто исчезнуваат по 3 дена од почнувањето на лекувањето.

Инфекцијата на мочниот меур може да прерасне во сериозен проблем, ако се прошири на бубрезите.

Овој иритирачки проблем најчесто се појавува кај жените, а се лекува со помош на антибиотици. Околу 20-40% од жените добиваат цистит во текот на својот живот.

Симптоми

Некои од симптомите кои укажуваат на цистит се:

  • Честа и силна потреба за уринирање;
  • Често уринирање на мало количество урина;
  • Чувство на печење за време на уринирање;
  • Крв во урината;
  • Замаглена урина со силна миризба;
  • Притисок во долниот дел на стомакот.

Ако ги имате овие непријатни симптоми, веднаш одете на консултација со доктор.

Причини за појавата

Бактерии. Инфекциите на мочните патишта се појавуваат кога бактерија ќе достигне до мочните канали и ќе започне да се размножува. Циститот може да се појави и како резултат од сексуален однос, за време на кој бактерија може да навлезе во мочните канали. Во најголем дел од случаите циситот е предизвикан од бактеријата Ешерихија коли.

Иако бактериите се најчестата причина за појавата на цистит, постојат и други фактори кои можат да доведат до непријатниот цистит:

Лекови. Одредени лекови (особено лекови кои се користат за хемотерапија) можат да предизвикаат воспаление на мочниот меур.

Употребата на катетер. Долготрајната употреба на катетер може да доведе до воспаление.

Поголема чувствителност на хемикалии. Некои луѓе се почувствителни кон хемикалиите, кои ги има во производите за интимна нега, па тоа може да се одрази како воспаление.

Друга болест. Циститот може да биде последица од друго заболување како лупус, туберкулоза, кронова болест.

Лекување и совети

Циститот најчесто се лекува со антибиотици. Каков вид на антибиотик треба да примате, зависи од вашето целосно здравје и тоа дали сте алергични на некои антибиотици. Најчесто симптомите исчезнуваат по 3 дена примање на антибиотици.

За да го намалите дискомфортот од непријатните симптоми, можете да ги следите следните совети:

  1. Топло перниче. Понекогаш ако поставите топло перниче на долниот дел од стомакот, тоа може да го намали притисокот на мочниот меур и болката.
  2. Многу течности. Пијте многу течности, но избегнувајте кафе, алкохол и газирани сокови кои содржат кофеин и сок од цитруси, додека не исчезнат симптомите.
  3. Внесувајте витамин Ц. Внесувајте храни кои го содржат овој витамин.
  4. Не консумирајте солена и зачинета храна. Додека се присутни симптомите на цистит, не треба да консумирате зачинета и солена храна.

Превенција

Вие можете да преземете некои мерки, за да се заштитите од циститот:

  1. Пијте многу течности, особено вода. За вашето целосно здравје е многу важно да внесувате доволно течности. Освен вода, консумирајте и сокови. Сокот од боровинки има својство да се бори против инфекциите.
  2. Често уринирајте. Ако почувствувате потреба за уринирање, не ја игнорирајте и веднаш посетете го тоалетот.
  3. Бришете се од напред наназад. Бришете се со тоалетната хартија од напред наназад, за да го спречите пренесувањето на бактерии.
  4. Избегнувајте го лежењето во када. Навистина е релаксирачко лежењето во кадата, но ако сте склони кон инфекции, треба да го избегнувате.
  5. Не употребувајте спрејови и други производи за интимна хигиена. Овие производи можат да го иритираат мочниот меур и слузокожата на мочните патишта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.