Почетна » Здравје » Заболувања » Респираторни болести: Која е разликата меѓу пневмонија и бронхитис?

Респираторни болести: Која е разликата меѓу пневмонија и бронхитис?

Пневмонијата и бронхитисот се две различни респираторни заболувања, иако дел од симптомите може да се поклопуваат. Оваа статија ќе помогне како да ги идентификувате симптомите на секој од нив.

Пневмонија и бронхитис

Пневмонијата е акутна инфекција на белите дробови која ги зафаќа алвеолите односно нивните најситни делови. Инфекцијата може да биде предизвикана од бактерии, вируси или габи. Најчестиот предизвикувачки агенс е бактеријата наречена Streptococcus pneumoniae.

Бронхитисот е воспаление на бронхиите односно цевчињата кои носат воздух до белите дробови. Тие може да се воспалат од различни причинители, меѓу кои најчести се вирусните инфекции, но исто така може да бидат предизвикани и од хемиски или физички надразнувачи.

Ќе наведеме симптоми повразни со ови две патологии, кои можат да ви помогнат да разликувате дали манифестираната состојба одговара на пневмонија или бронхитис. Секако, неопходно е да одите на лекар со цел да се добие точна дијагноза.

Најчести симптоми на пневмонија

  • Тешка кашлица која може да произведе спутум (искашлок)
  • Болка во градите при дишење или кашлање
  • Висока температура
  • Брзо дишење и отежнато дишење
  • Замор и слабост
  • Треска и пот

Дијагнозата се поставува со: рендген на градниот кош и крвни анализи.

Пневмонија и бронхитис

Кои лица се најмногу засегнати од пневмонија?

Треба да се напомене дека најголем ризик од пневмонија имаат:

  • Децата
  • Повозрасните лица
  • Лицата кои имаат хронични респираторни заболувања, како што се хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и астма
  • Дијабетичари
  • Лица со бубрежна инсуфициенција
  • Лица со срцеви патологии
  • Лица со рак
  • Лица кои примаат третмани кои го намалуваат одбранбениот механизам, како што се имуносупресивите

Откажувањето од пушење, вакцинацијата против грип и пневмокок се најефективните мерки за спречување не само пневмонија, туку и бронхитис.

Вакцината против грип треба да се прими секоја година и особено се препорачува за лица постари од 65 години, хронично болни пациенти, имуносупримирани пациенти, здравствен персонал и негуватели на болни лица или лица во ризична група.

Најчести симптоми на бронхитис

  • Постојана кашлица со спутум
  • Замор
  • Тешкотии со дишењето
  • Болка во градите поради кашлица
  • Повремена треска

Бронхитисот може да биде акутен или хроничен и обично не предизвикува температура туку најкарактеристичниот симптом, а тоа е кашлицата.

Дијагнозата се заснова на евалуација на симптомите и медицинска историја. Во некои случаи, може да се направат тестови за да се исклучат други состојби.

Резиме на клучните разлики

  • Пневмонијата вклучува инфекција во белодробните алвеоли, додека бронхитисот вклучува воспаление во бронхиите.
  • Треска и отежнато дишење се почести и потешки симптоми кај пневмонијата.
  • Бронхитисот често е предизвикан од вируси, додека пневмонијата може да биде предизвикана од бактерии, вируси или габи.

Пневмонијата и бронхитисот може да имаат сериозни последици, особено кај одредени ризични групи, како што се постарите лица, малите деца и оние со компромитиран имунолошки систем, затоа задолжително е да се консултирате со лекар за да добиете точна дијагноза и соодветен третман.

Закажете го Вашиот термин во Жан Митрев Клиника на 02 3091 484.

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.