Витамин А

Зошто ни е потребен витамин А?

Витаминот А е првиот откриен витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. Тој е особено важен за одржување на добар вид, за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции.

Моркови
Морковите се богати со витамин А.

Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен и во лекувањето на акни и мали брчки.

Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Симптоми при недостиг на витамин А

За среќа, повеќето луѓе внесуваат доволно витамин А преку храната. Но, недостигот на овој витамин иако е реткост, сепак се појавува. Особено изложени на ризик се луѓето болни од рак, туберкулоза, пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на простатата.

Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:

  • Склоност кон вирусни инфекции;
  • Ноќно слепило;
  • Опаѓање на косата;
  • Загуба на апетит;
  • Проблеми со коските.

Предозирање со витамин А

Кога зборуваме за витаминот А нема како, а да не споменеме нешто повеќе за предозирањето со овој витамин. Таа појава се нарекува хипервитаминоза А и значи дека вашиот организам има складирано повеќе витамин А отколку му е потребно за правилно функционирање.

Најчесто предозирање со витамин А се добива со прекумерно консумирање на витамин А како додаток во исхраната. Хипервитаминозата А може да доведе до проблеми при породувањето, аномалии на црниот дроб или проблеми со централниот нервен систем.

Некои од симптомите кои се појавуваат при интоксикација (хипервитаминоза) со витамин А се: загуба на апетит, раздразнетост, малаксаност, кршливи нокти, главоболка, проблеми со видот, депресија и анемија.

Примањето на големи количества витамин А за време на бременост може да предизвика спонтан абортус или дефекти на новороденчето. Поради тоа, бремените жени не треба да примаат витамин А како додаток во исхраната, освен ако тоа не е препорачано од доктор.

Препорачани дневни потреби на витамин А

Препорачаните дневни потреби на витамин А варираат, во зависност од полот и возраста на лицето.

  • Деца (3 години и помалку) – 300µg
  • Деца (4-8 години) – 400µg
  • Деца (9-13 години) – 600µg
  • Тинејџери (14-18 години) – 900µg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 900µg
  • Бремени жени (18 години и надолу) - 750µg
  • Бремени жени (18 години и нагоре) - 770µg
  • Доилки (18 години и надолу) – 1 200µg
  • Доилки (18 години и нагоре) – 1 300µg

Поради фактот дека постои голем ризик од интоксикација (хипервитаминоза А) со витамин А, подолу се дадени максималните количества на витамин А, кои што можете да ги примате дневно.

  • Деца (3 години и помалку) – 600µg
  • Деца (4-8 години) – 900µg
  • Деца (9-13 години) – 1 700µg
  • Тинејџери (14-18 години) – 2 800µg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 3 000µg
  • Бремени или доилки (18 години и надолу) – 2 800µg
  • Бремени или доилки (18 години и нагоре) – 3 000µg

Храна богата со витамин А

Витаминот А е застапен во рибиното масло, црниот дроб, јајцата, млекото и млечните продукти, туната, темнозелените и жолтите зеленчуци, морковот, дињата, компирите и др.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.