„Нема ништо лесно во тоа да бидеш фит и здрав. Никогаш не би рекла: јади што сакаш или не вежбај. Тоа не е реално. За да изгледам и да се чувствувам најдобро, внимавам на калориите и вежбам“ – Ким Кардашијан
Ким Кардашијан, една од најпопуларните ѕвезди чие лице го гледаме насекаде, не е од селебрити личностите кои велат дека нивното тело е дар од природата. Популарната бринета постојано потенцира дека убавото тело е макотрпна задача која секој треба да си ја стави на дневен ред.

Благодарение на нејзиниот несекојдневен изглед, Ким е една од најекспонираните жени на светот. Нејзините облини секогаш привлекуваат погледи и во главно позитивни коментари, бидејќи таа е горда на нив и знае да ги истакне на правилен начин.
Фитнесот
Омилениот тренер на Ким Кардашијан е Ганер Питерсон, кој ја има создадено и нејзината омилена фитнес програма. Неодамна Ким го откри својот фитнес план за списанието „Shape“.
30-годишната ѕвезда ги прави овие вежби 2-3 пати неделно. Се загрева 5-10 минути со кардио, ја прави секоја вежба без пауза и на крајот прави 50 скока со јаже. Овој циклус го повторува до 4 пати.
Вежбите Ким ги прави со медицинска топка која тежи 5 килограми (ако немате ваква топка и ако сакате да ги правите вежбите, земете тег наместо топка) и два мали тега од по 2-3 килограми.

Б. Исчекорете налево и потклекнете, а истовремено однесете ја топката кон надворешната страна од глуждот на левата нога. Вратете се во првобитната положба.
Повторете ја оваа вежба 6-15 пати налево, а потоа и исто толку пати надесно.

Б. Исправете се и подинете ги рацете високо над главата. Кога ќе се погледнете нагоре треба да ја видите топката – таа треба да биде малку поназад од вас.
Повторете ја оваа вежба 6-15 пати.

Б. Притиснете ја топката и започнете да се ротирате прво налево, па надесно.
Направете 6-15 повторувања. Втората серија направете ја со рацете испружени нанапред на висина на градите.

Б. Направете 6-10 склека. Потоа, поставете ја топката под десната рака и направете уште една серија.

Б. Започнете да го вртите горниот дел од телото налево и со рацете донесете ја топката до подот. Потоа, истото направете го на десната страна.
Повторете ја оваа вежба 6-15 пати.

Б. Замислете си дека сте во центарот на часовник и лицето ви е свртено кон 12 часот. Исчекорете со левата нога кон 7 часот и клекнете кон десната нога. Левата нога треба да ви е скоро права, а десното колено да е во иста линија со глуждот. Вратете се во првобитната положба, а потоа повторете го истото на другата страна.
Направете 6-15 повторувања.

Б. Додека се исправувате, кревајте ги теговите кон рамената и свиткајте ги рацете (дланките треба да ви бидат насочени кон телото). Испружете ги рацете нанапред, вратете ги кон рамената, а потоа спуштете ги долу.
Повторете ја оваа вежба 6-15 пати.
Диетата
Ким се храни на неколку часа – појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, вечера, вечерна ужина – за нејзиниот метаболизам постојано да работи забрзано.
За ова лето тренерот на Кардашијан ги советува сите ентузијасти за слабеење да си изберат барем едно правило за хранење и да се придржуваат кон него. Тоа правило може да биде:
- никаква храна 3 часа пред спиење;
- последниот оброк да не содржи комплексни јаглехидрати;
- протеини во секој оброк;
- појадување 30 минути по будењето;
- јадење 30 минути по вежбањето;
- овошје барем двапати дневно.
Предсвадбен режим
Свадбата на Ким се најавува како достојна конкуренција на кралската свадба на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. И се разбира, идната невеста сака да изгледа најдобро што може за својот голем ден. За таа цел, Ким засилено вежба и колку што може се откажува од слатките задоволства.
„Ким сега вежба по двапати дневно. Таа доаѓа во моето студио во Лос Анџелес 3 до 5 пати неделно, по еден час“ – изјавил Питерсон и објаснил дека нема намера да ја намалува тежината на Ким, туку да ја направи посилна и да го зацврсти нејзиното тело.
Топ 5 совети од Питерсон за подготовката пред свадбата
- 8 часа сон. Знам дека навистина е тешко, но така телото ќе ви биде поцврсто!
- Појадок. Не го прескокнувајте појадокот или ќе го поттикнете телото да складира масти.
- Вежбајте со тегови. Кревајте наголемо, кревајте брзо и излезете од фитнес салата – не бидете бавни! Подигањето тегови ќе го забрза вашиот метаболизам.
- Менувајте го интензитетот на кардио вежбите. Брзо, бавно, брзо, бавно, тоа ќе направи да горите како оган.
- Вода, вода, вода.
Нема сомневање дека Ким ќе изгледа прекрасно облечена во венчаница од Вера Ванг додека му вели „Да“ на својот свршеник Крис Хамфрис.
Од устата на Ким Кардашијан
Инспирација за вежбање: „Во деновите кога ми треба дополнителна мотивација, си помислувам: бикини, бикини, бикини.“
Слатките, самодовербата, целулитот: „Се разбира дека има моменти кога се чувствувам несигурна во себе. Би сакала да немаше. Но, многу сакам да јадам! Особено слатки. И ќе кажам дека мислам дека бутовите ми се растресени и дека имам целулит. Кога вложувам време во вежбање, станувам самоуверена. Морам да се чувствувам добро за да изгледам добро.“
Инспирација од славните: „Додека растев, постојано гледав слаби модели со кои не можев да се поврзам. Селма Хајек и Џенифер Лопез докажаа дека можеш да бидеш заоблена и горда на тоа.“
Времето за вежбање: „Вежбањето е единственото време кога можам да се исклучам. Тоа е најубавото чувство! Кога ќе видам луѓе во фитнес сала да зборуваат на телефон, сакам да им кажам: Ова е ваше време да бидете себични. Искористете го!“