Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата на Гвинет Палтроу

Диетата на Гвинет Палтроу

Сите ѕвезди во Холивуд имаат своја тајна диета, со која го губат вишокот на килограми за краток период, кога треба да се појават за некој важен настан на црвениот тепих.

Гвинет Палтроу не е исклучок. Таа држи строга диета за детоксикација. Оваа диета според многу експерти е штетна. Негативните страни на диетата ги има искусено на своја кожа и Палтроу, која еднаш заврши во болница поради дехидрирање. Затоа, многу важно пред да започнете да држите диета за детоксикација, е да се консултирате се доктор.

Диетата

Гвинет Палтроу
Гвинет го одржува своето тело со диета за детоксикација.

Ако сепак се решите да ја намалите телесната тежина со помош на диетата за детоксикација на Гвинет Палтроу, еве што треба да знаете за неа.

За да ја започнете оваа диета, треба да ги исклучите преработените храни, продуктите од соја и шеќерот од вашето секојдневно мени.

Ви истото време треба да ги оставите настрана и алкохолот, содата, кофеинот, месото од школки, компирите, доматите, пиперките, житариците и зрнестите храни.

Диетата за детоксикација на Гвинет Палтроу вклучува: овошни каши, супи, салати, пилешко и најмногу вода. Сега кога веќе ја видовте кратката листа на дозволени храни, ви станува јасно зошто е толку тешка и строга оваа диета.

Пред да започнете да ја применувате оваа диета, потребно е да се консултирате со доктор.

Примерен план

Појадок: една чаша млака вода со сок од лимон и чај од билки.

Ручек: салата од моркови и ѓумбир, овошна каша од боровинки и бадеми.

Вечера: брокули и супа.

Совети

За подобри резултати следете ги и следните совети:

  1. Дишењето. Дишењето е многу важно, затоа вклучете вежби за дишење и јога во вашите секојдневни активности.
  2. Потењето. Потењето има големо значење, затоа што токсините од телото излегуваат преку потта. Ќе ја подобрите детоксикацијата со сауна и зголемена физичка активност.
  3. Органска храна. Органската храна му помага на џигерот за време на процесот на детоксикација.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19695 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.