Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мис Кина стана Мис на светот 2012

ФОТО: Мис Кина стана Мис на светот 2012

Мис Кина е новата Мис на светот. Земјата домаќин на натпреварот за убавина ја круниса својата претставничка на свечената манифестација која се одржа денес во Ордос. 23-годишната Венксиа Ју беше прогласена за победничка за време на свечената церемонија.

Мис КинаМис Кина

„Кога бев мала се чувствував среќна затоа што многу луѓе ми помогнаа и се надевам дека во иднина јас ќе можам да помогнам многу деца да се чувствуваат среќни“ – одговорила таа кога била прашана зошто ја заслужува титулата.

Мис Кина
Мис Кина Мис Кина

Минатогодишната победничка, Ивиен Саркос, ѝ ја предаде круната на среќната Венксиа, која сака да стане професорка по музика.

Мис Кина Мис Кина

За прва придружничка беше прогласена претставничката на Велс, Софи Елизабет Моулд, а втора придружничка стана Џесика Мишел Кахавати од Австралија.

Мис Велс, Мис Кина и Мис АвстралијаМис Велс, Мис Кина и Мис Австралија Мис Кина

Рекордни 116 кандидатки од целиот свет се бореа за престижната титула. Во топ 7 влегоа претставничките на Јамајка, Јужен Судан, Индија, Австралија, Бразил, Кина и Велс. Наша претставничка беше 19-годишната Анета Стојкоска.

Мис Кина Мис Кина Мис Кина

Наредната година натпреварот ќе се одржи во Бали, Индонезија.

Погледнете видео од прогласувањето:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.