Кристина Спасеноска ја доби титулата „Мис на Македонија“. 21-годишната девојка од Кичево ги победи конкурентките на изборот кој се одржа синоќа во Скопје.
Во септември Кристина ќе ја претставува нашата држава на престижниот натпревар за убавина „Miss World“, кој ќе се одржи во Индонезија.
Прва придружничка е Михаела Иванова од Скопје, додека втора придружничка е Савка Грачанин, девојката на пејачот Влатко Лозаноски.