Утре ќе се биде прогласена новата Мис на светот. Точно 116 убавици од цел свет ќе зачекорат на големата сцена во Ордос со желба да ги освојат симпатиите на публиката и жирито и се разбира, заслужено да ја добијат посакуваната круна.
Наша претставничка на престижниот натпревар е Анета Стојкоска, 19-годишна студентка од Гостивар. Самата се опишува како позитивна, трудољубива, топла и грижлива личност. Според информациите на официјалниот сајт на натпреварот, Анета е висока 180 сантиметри и во слободното време се занимава со гимнастика, трчање, цртање и читање.



Веќе еден месец таа престојува во Кина, каде што заедно со останатите кандидатки учествува на бројни настани кои се организираат во рамките на „Мис на светот“. На 26 јули Анета учествуваше на натпреварот „World Fashion Designer Award“, на кој се појави во црна креација на Менсур Алими, но не освои награда.

Свечената манифестација ќе се одржи утре, а ќе ја гледаат над милијарда луѓе од над 160 земји низ светот.
Погледнете го видеото на Анета за „Мис на светот“: