Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Изминатите неколку години беа многу тешки“: Анџелина Џоли позираше во својот дом за „Вог“

„Изминатите неколку години беа многу тешки“: Анџелина Џоли позираше во својот дом за „Вог“

Анџелина Џоли го покани тимот на „Вог“ во својот дом за фотосесија. 45-годишната актерка позираше за мартовското издание на „модната библија“, а сними и видео во кое покажува што се крие во нејзината чанта.

Поранешната сопруга на Бред Пит, со кого има шест деца, зборуваше за мајчинството, животот и пребродувањето на разводот.

Анџелина Џоли

Во интервјуто, Џоли се обиде да опише еден типичен ден од својот живот. „Па, никогаш не сум била добра во седењето во место. Иако многу сакав да бидам мајка и да имам многу деца, отсекогаш замислував дека тоа ќе биде како патување сред некоја џунгла. Никогаш не го замислував во вистинска, традиционална смисла. Сметам дека ми фалат сите вештини за да бидам традиционална мајка која седи дома. Се справувам некако бидејќи децата се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа“ – изјавила Анџелина.

Анџелина Џоли

На прашањето дали моментално се наоѓа на добро место во животот, Џоли одговорила: „Не знам. Изминатите неколку години беа многу тешки. Се фокусирав на заздравувањето на нашата фамилија. Полека напредуваме, како мразот да се топи и крвта да ми се враќа повторно во телото.“

„Ми се допаѓа тоа што сум постара. Се чувствувам поубаво во моите 40-ти години отколку што се чувствував кога бев помлада. Можеби затоа што мајка ми не живееше доволно долго, па има нешто во возраста кое го чувствувам како победа, наместо тага. Со нетрпение ги чекам моите 50-ти години“ – додала Џоли.

Анџелина Џоли

Џоли и Пит беа заедно повеќе од една деценија, а се разделија во 2019 година.

Анџелина Џоли

Погледнете го видеото во кое Анџелина покажува што носи секојдневно во својата чанта:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 16%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 17742 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.