Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ријана ѝ подари куќа на мајка си, призна дека го сака Крис

ВИДЕО: Ријана ѝ подари куќа на мајка си, призна дека го сака Крис

Интервјуто на Ријана со Опра беше исполнето со многу емоции и солзи. Популарната 24-годишна пејачка ја прошета Опра низ Барбадос и ја однесе во својата куќа од детството, а на крајот во рамките на емисијата ја изненади својата мајка со тоа што ѝ подари луксузна куќа.

И се разбира, интервјуто не помина без разговорите за Крис Браун.

Во „Oprah’s Next Chapter“ Ријана откри како се чувствувала по физичкиот напад од страна на Крис Браун, не сокри дека сè уште е заљубена во него и дека постојано се во контакт, иако тоа е многу тешко за неа.

Ријана и Опра

За Крис Браун: „Мислам дека тој беше љубовта на мојот живот. Тој беше мојата прва љубов и гледам дека тој ме сакал на истиот начин. Бевме многу млади и многу спонтани.“

За насилниот инцидент: „Јас бев најмногу повредена... Ми се случи мене, пред светот. Бев засрамена, понижена, повредена, не е лесно. Го загубив мојот најдобар пријател. Сè што знаев се промени, се промени за една вечер и не можев да го контролирам тоа... Чувствував дека единствената личност која сега ја мразат е тој. Тоа беше чуден, конфузен простор за да си во него, бидејќи колку и да бев лута, лута и повредена и предадена, чувствував дека тој ја направи таа грешка затоа што му е потребна помош. А кој ќе му помогне нему? Никој нема да каже дека му е потребна помош. Сите ќе кажат дека е чудовиште без да погледнат во изворот. Бев повеќе загрижена за него.“

За сегашниот однос со Крис: „Ние сме многу блиски пријатели. Повторно ја градиме довербата и тоа е тоа. Се сакаме и веројатно секогаш ќе биде така. И тоа не е нешто кое се обидуваме да го промениме. Тоа не е нешто што можеш да го исклучиш ако некогаш си бил заљубен.“

Ријана призна дека редовно се гледа со Крис Бран, но дека одржуваат само пријателски односи. Сепак, секогаш кога ќе се сретнат таа чувствува силни емоции кои се обидува да ги потисне во себе.

Освен за Крис, во интервјуто Ријана зборува за својот сексапил и сексуалната самодоверба, како и за својот татко. На крајот на емисијата, Ријана ѝ приреди големо изненадување на својата мајка, подарувајќи ѝ клучеви од нова луксузна куќа.

Куќата која Ријана ѝ ја подари на мајка сиКуќата која Ријана ѝ ја подари на мајка си

Погледнете ја куќата и целото емотивно интервју:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.