Александра Јанева и нејзиниот бенд 2BE го преработија хитот „Perfect“ на Ед Ширан и Бијонсе. Новото аудио и видео на поп-пејачката е музичка празнична честитка за нејзините фанови.
Аранжманот на преработката е на Тино Стојановски од бендот 2BE.
Јанева минатата година победи на Макфест со песната „За сто години“.