Билјана Гунова со своите дела покажува дека е навистина посветена на својата работа. Учителката од Струмица ги претвори школските клупи во возила за да им го направи на децата забавен престојот во училиште, истовремено чувајќи ги безбедни.
Наставничката од основното училиште „Никола Вапцаров“ од картон изработи возила. Идејата е за време на часовите секое дете да седи во своето возило и на тој начин да го одржува препорачаното растојание.
„Гледав на интернет нешто слично направено во едно училиште во Америка, а бидејќи сакам такви интересни и необични работи решив да се потрудам и да осмислам нешто мое. Така дојдов на идеја да направам возен парк. Работевме три дена со неколку мајки. Ниту децата, ниту пак вработените во училиштето немаа појма што се случува. Во меѓувреме спремив поклончиња со маски, визири со ликови од цртаните, гелови за дезинфекција итн... и кога дојдоа на училиште беа многу изненадени од сè. Целта ми беше да им биде забавно, но и секое возило да претставува растојание меѓу нив, да знаат дека тој простор е нивен“ – изјави Билјана за Femina.mk
Малите ученици несомнено ја обожаваат оваа идеја.
Гунова подготви и поклончиња за секој од своите ученици. Подароците се состоеле од визири со ликови од цртаните филмови, маски и гелови за дезинфекција.
На првиот училиштен ден, Билјана повика доктор кој им одржа предавање на децата за коронавирусот.