Адријана Лима ретко го покажува лицето на синчето. Но, една убава претпразнична семејна прошетка ја поттикна да објави фотографии со малиот Сајен и саканиот Андре Лемерс.
На една од нив, убавицата на Victoria’s Secret позира со Андре и слаткото момченце пред голема новогодишна елка.
Претходно, Лима престојуваше во Саудиска Арабија. Таа дефилираше на ревијата на дизајнерот Ели Сааб во Ријад.
На пистата, 43-годишната манекенка презентираше две гламурозни креации.
Сајен е единственото заедничко дете на Адријана и Андре. Тие имаат уште по две деца од претходни бракови.