Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 10 начини како да си ја зголемите енергијата

10 начини како да си ја зголемите енергијата

Празниците започнуваат за една недела, но забавите и подготовките веќе се дел од нашето секојдневие и малку по малку црпат од нашата енергија. Ви се случило ли токму кога ќе започне големото славење вие да се чувствувате истоштени и без енергија? Кај повеќето луѓе одговорот е „да“.

За не ви се случи тоа, па и оваа година по завршувањето новогодишната ноќ да не можете да станете од кревет, потребно е да му дадете на своето тело енергија за да може да се бори со умората. Следните совети ќе во помогнат да дознаете како да го направите тоа.

Жена што спиеЖена што јаде јаболкоЖена што јаде корнфлексиБадемиЧаша со водаМартиниКафеМедитацијаВежбањеСекс

Добар сон

На сите им е познато дека спиењето особено влијае на енергијата. Сепак, луѓето се обидуваат што повеќе да скратат од својот сон за да имаат повеќе време да ги завршат многуте обврски или да имаат повеќе време за уживање по напорниот работен ден. Тоа е голема грешка.

На возрасните им се потребни 8 часа сон во тивка и темна соба.

Ако сте спиеле 8 часа и сепак кон средината на денот се чувствувате изморени, искористете го своето право на т.н. „моќна дремка“. Истражувањата покажуваат дека попладневната дремка од 30 мин. до 1 час може веднаш да ја зголеми енергијата и го одмара мозокот. Но, не треба попладневниот одмор да ви станува навика, затоа што може да му попречи на редовниот ноќен сон.

Редовна исхрана

Расположението и енергијата во нашето тело се влијаат од исхраната. Правилната и редовната исхрана може веднаш да ја покачи енергијата.

Консумирањето на повеќе помали оброци го одржува нивото на шеќер во крвта и му го дава потребното гориво на телото. Редовната исхрана не предизвикува пикови и падови во нивото на енергија и поради тоа вие ќе се чувствувате побалансирани и полни со енергија преку целиот ден.

Но, внимавајте на храната која ја внесувате. За ужина помеѓу оброците не консумирајте висококалорична храна. Слободно може да изберете бадеми, јаболка, грицки од житарици, круши или портокали.

Повеќе витамини Б

Многу од витамините Б му помагаат на телото да ја претвори храната во енергија, па ако се чувствувате заморени, не ги избегнувајте храните богати со витамини Б.

Витамините Б најмногу се застапени во месото од домашни птици, месото од риба, јаткастите плодови, житариците и семињата.

Многу магнезиум

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 биохемиски реакции во нашето тело, па и во претворањето на глукозата во енергија. Кога нивото на магнезиум е намалено дури и малку, енергијата опаѓа.

Жените кои имаат недостаток на магнезиум, страдаат од забрзан ритам на срцето и им е потребен повеќе кислород за да ги исполнуваат физичките активности, отколку на жените кои имаат задоволително ниво на магнезиум во телото. Недостатокот на магнезиум предизвикува телото да работи забрзано и по извесно време тоа води до замор и опаѓање на нивото на енергија.

Поради тоа, треба да им посветите особено внимание на храните богати со магнезиум како: бадеми, лешници, житарици (особени трици), месо од риба и банани.

Повеќе вода

Жедта може лесно да предизвика замор и недостаток на енергија. Дури и малата дехидратација, може да му ја одземе потребната енергија на телото.

Решението е едноставно – водата.

За да ја зачувате енергијата, пијте многу вода, особено ако вежбате или ако консумирате алкохол.

Помалку алкохол

Алкохолот во вечерните часови го уништува добриот сон. Иако алкохолот може да ви помогне побрзо да заспиете, тој го нарушува длабокиот сон и вие не го добивате одморот кој ви е потребен.

Ако ја намалите консумацијата на алкохол пред спиење, ќе имате подобар сон, а тоа ќе ви донесе повеќе енергија наредниот ден.

Умерено со кафето

Кафето е најдобриот утрински пијалок за многу луѓе. И со право. Кафето го забрзува метаболизмот и моментално ја подобрува концентрацијата и енергијата.

Неколку мали дози кафе во текот на целиот ден може да ве држат пофокусирани, отколку една поголема доза наутро.

Но, треба да се внимава со консумацијата на кафе, затоа што може да му попречи на вашиот сон. А како што знаете лошиот сон е убиец на енергијата.

Наместо кафе можете да пиете чај. Повеќето чаеви ја подобруваат меморијата, а некои како црниот истовремено се борат и со стресот.

Стоп за стресот

Заморениот ум може да ве остави без енергија во иста мера како и замореното тело. Денес луѓето постојано се под стрес, а стресот исцрпува.

Секоја негативна мисла црпи дел од вашата енергија. Од друга страна, секој момент што ќе го издвоите да се погрижите за вашиот дух, ќе го подобри нивото на енергија.

Седењето во тишина, медитацијата и молењето се моќни начини да пронајдете неверојатни извори на енергија.

Повеќе физичка активност

Вежбањето помага да се ослободуваат хормони ендорфини кои нè прават да се чувствуваме убаво и ја зголемуваат енергијата.

Дури самиот начин на кој размислуваме за вежбањето може да ни даде дополнителна енергија. Истражувањата покажале дека жените кои биле задоволни по аеробик часовите, потоа имале повеќе енергија и подобро расположение, отколку оние кои не биле задоволни.

Затоа е важно да најдете физичка активност која ве исполнува и редовно да ја практикувате. Почетокот е тежок, но самодовербата и енергијата кои може да ви ги даде вежбањето се незаменливи.

„Да“ за сексот

Водењето љубов предизвикува ослободување на истите хормони кои се лачат додека вежбате и ја зголемуваат енергијата.

Освен тоа сексот прави да се чувствувате добро во своето тело, а со зголемена самодоверба лесно е да се движите напред.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.