Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 10 начини да го намалите ризикот од рак

10 начини да го намалите ризикот од рак

Канцерогените заболувања оправдано предизвикуваат страв кај луѓето поради тоа што за повеќето од нив нема ефикасен лек. Оние кои што успеале да го победат ракот или оние кои што имаат близок што страдал од него знаат колку е тешка и неизвесна борбата против ракот.

За среќа, со напредувањето на науката се појавуваат нови и нови методи и лекови за лекување на оваа кобна болест, а благодарение на многуте истражувања постојано учиме како да го намалиме ризикот од појавата на рак.

ПушењеТелесна тежинаДвижењеСончањеАлкохолХранаЗелен чајКонтрола на стресот

Откажете се од тутунот

Има причина за тоа што на кутијата цигари пишува „Пушењето убива“. Пушењето го оштетува скоро секој орган во вашето тело. Тоа се асоцира со појавата на повеќе видови рак, меѓу кои и рак на грлото на матката, хранопроводот, бубрезите, устата, белите дробови, панкреасот, грлото. Џвакањето тутун го зголемува ризикот од рак на хранопроводот, устата, панкреасот и грлото.

Но, дури и да не пушите треба да се пазите од пасивното пушење. Ако сте редовно изложени на чадот од цигарите, го зголемувате ризикот за појава на рак на белите дробови. Откажувањето од пушењето е една од најразумните одлуки што можете да ги донесете.

Одржувајте нормална телесна тежина

Дебелината е причина за многу болести и треба сериозно да се сфати дека е закана за здравјето. Само во Америка таа придонесува за 14-20% од сите смртни случаи од рак. Дебелината предизвикува рак на дојка, дебело црево, бубрези, хранопровод и стомак. Докажано е дека жените со прекумерна тежина потешко можат да извојуваат победа против ракот на дојка, отколку жените со нормална телесна тежина.

Но, исто така и премалата тежина има негативно влијание. Малата тежина во периодот на менопауза се асоцира со зголемен ризик од појава на рак на дојка. Затоа, внимавајте на внесените калории, избирајте здрава храна и бидете физички активни.

Движете се

Не е можно само преку храната да одржувате здраво тело и да го намалите ризикот од рак. Потребно е да имате активен живот и да вежбате најмалку 30 минути три пати неделно. Колку повеќе вежбате, толку поголема заштита си обезбедувате.

Долгите прошетки ќе ви помогнат, но ако сте во можност практикувајте и поинтензивно вежбање за да се заштитите од рак и срцеви заболувања.

Постојат докази дека физичката активност им дава дополнителна заштита и на страсните пушачи.

Внимателно со сонцето

Не треба да се игнорираат предупредувањата на експертите во врска со заштитата од сончевите зраци. Сигурно веќе ви е познато дека изложеноста на сонце го зголемува ризикот од рак на кожа. Всушност, изложеноста на сонце е главен виновник за скоро сите случаи на рак на кожата, вклучително и меланомот.

Спротивно на мислењето на голем дел од луѓето, не постои такво нешто како „здрав тен“. И сонцето и солариумите се штетни. Секогаш кога треба да излезете на сонце користете крем со заштитен фактор минимум 15. Најдобро е да биде водоотпорен за да ви нуди целосна заштита. Избегнувајте ги сончевите зраци во периодот од 10 до 16 часот.

Ограничете го алкохолот

Ризикот за рак на уста, дојка, грло, хранопровод, бубрези и џигер се зголемува со зголемувањето на количеството алкохол кое го консумирате.

Дури и умереното пиење (2 пијалока дневно за мажите; 1 за жените и сите лица постари од 65 години) носи свој ризик. Не практикувајте да пиете повеќе од 3 чаши алкохол неделно.

Бидете пребирливи со храната

Отфрлете ги колбасите, саламите и сланината од вашата исхрана. Не консумирајте црвено месо повеќе од 5 пати неделно во количина не поголема од вашата дланка. Внимавајте со солта. Не внесувајте повеќе од 6g сол дневно.

Истражувањата покажуваат дека јајцата можат да го намалат ризикот од појава на рак на дојка. Една студија покажала дека жените кои јадат јајца 6 пати неделно го намалуваат ризикот од рак на дојка со 44%.

Мрсната храна води до зголемување на тежината, а тоа влијае и врз вашето здравје. Затоа, насочете се кон здрава храна богата со витамини, минерали и растителни влакна. Колку повеќе овошје и зеленчук консумирате, толку подобро.

Пијте зелен чај

Исто како и овошјето и зеленчукот, зелениот чај е богат извор на антиоксиданси. Постојат многу докази дека консумирањето на овој моќен пијалок заштитува од неколку видови рак, како рак на стомакот, кожата, хранопроводот, простатата и панкреасот. Консумирањето на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови за 5 пати.

Зелениот чај помага и во намалувањето на телесната тежина, па на тој начин може да ви донесе уште поголема заштита од рак. Овој пијалок носи здравје со секоја голтка, па затоа заменете ја дневната доза кафе со неколку чаши зелен чај.

Дополнителна заштита

  • Заштита од штетни супстанции. Внимавајте на изложеноста на пестициди и други штетни супстанции како азбест и радон.
  • Избегнувајте го вдишувањето на издувни гасови. Издувните гасови од превозните средства го зголемуваат ризикот од рак на бели дробови, но и од рак на дојка. Докажано е дека жените кои живеат во градовите се изложени на поголем ризик од рак на дојка, отколку жените кои живеат на село. Секогаш кога ќе заглавите во гужва, затворете го прозорецот на вашиот автомобил. Кога се движите пешки, избирајте ги помалку прометните улици.
  • Намалете го стресот. Кога телото е под стрес создава хормони кои влијаат штетно врз здравјето, а исто така нервозата може да создаде пристрасност кон цигари или алкохол.

Малите промени во начинот на живот можат да ви донесат голема заштита. Па, зошто да не се обидете да ги воведете во вашето секојдневие?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.