Почетна » Здравје » Заболувања » Листериоза – симптоми и превенција

Листериоза – симптоми и превенција

Листериозата е инфекција која најчесто се јавува како резултат на консумирање на контаминирана храна со бактеријата Listeria monocytogenes. Оваа бактерија може да се најде во почвата, водата и фецесот на животните. За разлика од повеќето бактерии, Listeria monocytogenes може да преживее и често да се мултиплицира на температура под 5°С. Тоа значи дека постои можност бактеријата да се размножува кај храната која се чува во фрижидер и да достигне ниво доволно за да предизвика инфекција.

Човекот во организмот најчесто ја внесува преку:

  • Контаминирано животинско месо;
  • Непастеризирано контаминирано млеко;
  • Храна која е приготвена со непастеризирано контаминирано млеко;
  • Меко младо сирење (фета, Camembert, Brie и др.);
  • Контаминиран зеленчук и овошје.

Листериозата има време на инкубација од 3 до 70 дена.

Симптоми

Болна жена

Кај возрасните и децата со некомпромитиран, односно здрав имун систем најчесто болеста се манифестира со блага симптоматологија која трае неколку дена како:

  • Висока температура над 38°С;
  • Гадење и повраќање;
  • Треска;
  • Дијареја;
  • Болка во мускулите.

Доколку инфекцијата го зафати нервниот систем и предизвика менингоенцефалитис, станува збор за тешка форма на листериоза, при која освен горенаведените, се јавуваат и следниве симптоми и знаци:

  • Силни главоболки;
  • Конфузија и нарушување на свеста;
  • Вкочанет врат;
  • Нарушување на рамнотежата;
  • Конвулзии.

Во овој случај потребна е итна медицинска помош и давање соодветна антибиотска терапија, бидејќи може да дојде до летален исход.

Кои се ризични групи?

Луѓе кои имаат поголем ризик да заболат од тешка форма на листериоза се:

  • Бремени жени и нивниот плод;
  • Новороденчиња;
  • Возрасни над 60 години;
  • Возрасни и деца со ослабен имун систем (причина може да биде малигно заболување, дијабетес, СИДА, болест на бубрезите или црниот дроб, примање одредени лекови како кортикостероиди и др.).

Превенција

Хигиена при готвење

Со цел превенција на листериозата, практикувајте ги следниве совети:

  1. При купување намирници, издвојте го месото и рибата од останатата храна и спакувајте ги посебно. Откако ќе завршите со пазарење, веднаш вратете се дома и ставете ја храната во фрижидер.
  2. Пред да започнете со приготвување на храната, добро измијте ги рацете со топла вода и сапун. Пожелно е да користите две даски за сечење додека приготвувате – едната за свежиот зеленчук, а другата за месото, месните и млечните продукти.
  3. Откако ќе завршите, добро измијте го приборот (ножевите, даската за сечење) кој го користевте за приготвување.
  4. Темелно мијте го свежиот зеленчук и овошје.
  5. Чувајте ја храната во фрижидер на температура од 4°С и пониска. Listeria monocytogenes може да се размножува на пониска температура, затоа секогаш одржувајте го вашиот фрижидер чист.
  6. Доколку претоплувате остатоци од храна, загревајте ги на температура повисока од 75°С.
  7. Доколку не сте сигурни за квалитетот и безбедноста на храната, подобро отстранете ја и не ја консумирајте.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20775 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.