Перо Антиќ од првиот ред проследи кошаркарски натпревар во Белградската арена и беше поздравен со голем аплауз.
Поранешниот македонски кошаркар и НБА играч беше придружуван од својата девојка Сања Ристиќ, која гордо седеше покрај него за време на мечот помеѓу Црвена Звезда и Олимпијакос.
Таа објави и пост на Instagram за честа која му беше оддадена на Антиќ.
„Кога ќе ве пишува вака на белосветски настани во прв ред, кога 20.000 едногласно ќе ви го скандираат името и презимето, тогаш ќе знаете дали и колку сте успеале“ – напиша Сања.
Перо и Сања се во врска нешто повеќе од една година.
Антиќ претходно беше во брак со Ружица Максимовска со која има 3 сина. Ристиќ пак пред неколку години стави крај на бракот со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има 2 сина.