Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 7 вежби за секси грб

7 вежби за секси грб

Ние жените најмногу сме преокупирани со изгледот на нашиот стомак и задник, помалку со изгледот на рацете и нозете, а можеби најмалку внимание му обрнуваме на еден многу сексапилен дел од телото кој што содржи големи мускули – грбот.

Вежбите за зацврстување на мускулите на грбот не треба да се игнорираат од ниту една жена. Убавиот цврст грб изгледа секси, придонесува да стоите исправено и со тоа да оставате впечаток на самоуверена личност, а исто така и ги намалува шансите за повреди.

Летото веќе е на прагот, па нема подобро време да започнете да ги обликувате грбните мускули за самоуверено да ги носите модерните фустанчиња и маички со гол грб.

Ви предлагаме неколку лесни вежби кои нема да одземат многу од вашето време, а ќе направат многу за вашиот изглед и здравје.

Вежба за грб, стомак и задникКлекнете на подот и потпрете се на рацете. Внимавајте дланките на рацете да ви се под рамената, а колената под колковите. Започнете да ја подигате десната нога и левата рака нагоре. Исправувајте ги и подигајте ги и ногата и раката додека не бидат во иста линија со вашиот грб.

Потоа започнете да ги носите коленото и лактото кон вашите гради. Задржете се во таа положба 5 секунди. Потребно е да одржувате рамнотежа. Повторете ја оваа вежба 6 пати со десната нога, а потоа направете промена и вежбајте со левата нога и десната рака.

Оваа вежба е одлична за зацврстување на грбните, стомачните мускули и задникот.
Вежба за горниот дел од грбот и раменатаЗастанете во седечка положба пред стол, додека се потпирате со рацете на работ на столот. Прстите на рацете треба да бидат насочени нанапред во иста насока како вас. Внимавајте колената да ви бидат свиткани под агол од 90°. Додека ги држите рацете прави и ги носите рамената кон ушите, спуштете го задникот на висина под седалката на столот. Задржете 2 секунди, а потоа подигнете се нагоре.

Во текот на целата вежба не треба да ги превиткувате рацете. Направете 12 повторувања.

Оваа вежба е одлична за зацврстување на горниот дел од грбот и рамената.
Вежба за грб, нозе, стомак и задникСтавете ги рацете зад главата, превиткајте ја левата нога и одделете ја од подот. Застанете само на десната нога. Додека се наведнувате нанапред, подигајте ја свитканата лева нога нагоре.

Потоа исправете се, но не ја спуштајте левата нога на подот. Направете 10 повторувања и започнете уште 10 со другата нога.

Оваа вежба помага за зацврстување на повеќе групи мускули на грбот, нозете, стомакот и задникот.
Вежба за грб, задник и нозеЛегнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената. Рацете испружете ги на подот покрај телото. Започнете да го подигате задникот нагоре. Нозете треба да ви бидат во распон на колковите.

Откако ќе го подигнете задникот, доближете ги дланките под грбот и прекрстете ги прстите. Задржете се во таа положба 5 секунди, потоа вратете ги рацете покрај телото и спуштете го задникот. Направете 10 повторувања.

Освен за грбот, оваа вежба помага за зацврстување на задникот и нозете.
Вежба за грб, рамена и задникЛегнете со лицето кон подот. Свиткајте ги рацете под агол од 90° и раширете ги нозете малку повеќе од ширината на колковите. Подигнете го истовремено горниот дел од телото и нозете (треба да бидете во поза како да сте скокнале со падобран од авион). Додека сте во таа положба, брзо доближувајте ги нозете и повторно раширувајте ги (направете 10 повторувања). Потоа спуштете се на подот. Направете 4 серии.

Освен за долниот дел на грбот, оваа вежба помага за зацврстување на рамената и задникот.
Вежба за зацврстување на мускулите и намалување на болката во грботКлекнете на подот и потпрете се на рацете (кучешка поза). Рамената треба да ви бидат над зглобовите, а колковите над колената. Вдишете длабоко и во истото време носете ја брадата нанапред и нагоре, а задникот наназад и малку нагоре. Потоа издишете додека го свиткувате грбот во средината и го подигате нагоре.

Повторете ја оваа вежба 10 пати. Таа е одлична за оформување на мускулите и за намалување на болките во грбот.
Вежба за грбЛегнете со лицето кон подот и раширете ги рацете така што ќе оформуваат агол од 90° со вашето тело. Палците од рацете треба да бидат насочени нагоре, а останатите прсти свиткани навнатре.

Подигајте ги рацете нагоре колку што можете повеќе и задржете се во таа положба 5 секунди. Потоа спуштете ги рацете на подот и повторете ја вежбата уште 4 пати.

Не треба да ги правите сите вежби одеднаш. На почеток изберете си неколку и со текот на времето ќе почувствувате кога можете да ги зголемите сериите и разновидноста на вежбите.

Започнете уште денес да му давате сексапил на вашиот грб.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.