Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Што открива положбата во која спиете за вашата врска?

Што открива положбата во која спиете за вашата врска?

Сите имаме сопствен стил на спиење и омилена положба во која се чувствуваме најудобно и најрелаксирано во моментите кога потонуваме во светот на соништата. Но, што се случува кога го делиме креветот со љубовниот избраник? Некои го зачувуваат својот самостоен стил на спиење, други се „кријат“ во заштитничката прегратка на саканиот, трети се испреплетуваат со него.

Знаете ли дека токму положбата во која спиете со партнерот открива многу за вашата врска? Експертите се согласуваат дека омилената положба за спиење може да сигнализира за длабока поврзаност, страст и почит, или пак, за тензија, доминација и фригидност. Не заборавајте, ние сме најранливи во сонот и нашите тела се најискрени. Можете да глумите дека сте парот со најсилна меѓусебна приврзаност и најголема блискост, но позата во којашто спиете може да ве издаде дека не сте во идеалната врска.

Обожавате да спиете додека партнерот ве прегрнува одназад? Не можете да му одолеете на искушението да спиете на градите на партнерот? Заспивате свртени лице в лице? Во продолжение ќе откриете каква тивка порака испраќа положбата во којашто спиете за вас и за здравјето и благосостојбата на вашата врска.

Класична „лажица“„Лажица“, жената одназадЉубовен јазолМорска ѕвездаГрб со грбНа различни страниПрегратка со рака/ногаТој на грб, вие залепени за него

Класична „лажица“

Лежите на иста страна во положба „фетус“. Телото на партнерот е целосно залепено за вашето и тој грижливо ве прегрнува одназад. Ова е најпопуларната положба прифатена од партнерите во текот на првите години од врската и бракот.

Што открива? Вие сте традиционален пар. Вашиот партнер е заштитнички настроен и ужива во таа улога затоа што чувствува дека прави нешто убаво за вас. Вие целосно му верувате и му испраќате порака: „Дури и кога ќе го свртам грбот, сигурна сум дека ти ќе бидеш таму за да ме штитиш“. Во вашата врска постои сигурност и силна сексуална поврзаност, бидејќи оваа положба крие одредена доза еротизам.

„Лажица“, жената одназад

Лежите на иста страна, но вие го прегрнувате партнерот одназад. Положбата „лажица“ во која жената е одназад е многу поретка од класичната „лажица“.

Што открива? Позата „лажица“ покажува каде лежи доминантноста во врската. Ако вие го прегрнувате партнерот, вие сте емотивниот столб во врската и тој не се плаши да ви го ослободи кормилото. Многу сте грижливи, го негувате вашиот сакан и на моменти дури и му давате „мајчинска“ заштита.

Но, ако вашиот љубен спие на работ на креветот и вие го држите за половината, тоа може да значи дека сте премногу зависни од него и дека се плашите да го пуштите, бидејќи не знаете како ќе продолжите без него.

Љубовен јазол

Свртени сте еден кон друг, со испреплетени екстремитети. Спиете прегрнати и многу делови од вашите тела се допираат.

Што открива? Не недостига страст во вашата врска. Веројатно сега започнувате да спиете со партнерот или сте во фазата „меден месец“. Среќни сте, имате повеќе од задоволителен сексуален живот и сакате да покажете дека уживате во големата блискост. Сепак, оваа положба може да кажува дека сте премногу зависни еден од друг, па затоа ниту во сонот не сакате да се разделите.

Несвесно се обидувате да сте што поблиску еден до друг, иако физички не ви е многу удобно. Но признајте! Тешко е да се спие цела ноќ во неудобниот љубовен јазол, нели?

Морска ѕвезда

Вие или вашиот партнер сте растегнати максимално со раширени раце и нозе, а другиот спие стуткан на мал дел од креветот.

Што открива? „Распространетиот“ доминира во врската. Тој може да е себичен или несвесно да ги игнорира потребите на другиот. Ако вие сте таа што спие на малиот слободен дел од креветот, тогаш веројатно дозволувате големите одлуки во врската да ги донесува вашиот партнер. Тој е организатор на сите ваши излегувања, тој „диктира“ со какво темпо ќе се движи вашата врска, тој е одговорен за сите одлуки во бракот... Ако сте долги години заедно, може и да се чувствувате фрустрирани поради потчинетата улога во врската.

Грб со грб

И вие и вашиот партнер спиете настрана, но сте свртени во спротивна насока, така што остануваат допрени само вашите грбови или задниците.

Што открива? Двајцата сте личности со силен карактер кои сакаат да имаат свој живот. Освен што сте ја зачувале самостојноста, вие сте ги зачувале и страста и довербата. Тоа што сте свртени на различни страни ја симболизира вашата желба за независност, а тоа што вашите грбови остануваат допрени укажува на фактот дека сакате да останете сексуално поврзани. Вообичаено оваа поза ја избираат паровите кои се во врска барем пет години, но сè уште успеваат да си ја испратат еден на друг пораката „Те сакам и те посакувам“.

На различни страни

Двајцата освојувате по еден крај од креветот и останувате таму цела вечер, без да си размените ниту еден допир.

Што открива? Сигурно сте забележале дека несвесно ја заземате оваа положба по жестоките расправи. А тоа не е добар знак. Положбата „на различни страни“ рефлектира тензија, напнатост, проблем со кој и двајцата се плашите да се соочите.

Ако редовно спиете во оваа положба, тоа значи дека и двајцата сте премногу независни и еден ден може да започнете да водите сосема различни животи кои немаат допирни точки.

Раздалеченото спиење може да значи дека сте дозволиле стресот од секојдневието да ја убие страста и интимноста во врската.

Прегратка со рака/нога

Двајцата спиете на мала раздалеченост еден од друг, но едниот ја протегнува ногата или раката кон другиот за да го прегрне или за да воспостави нежен контакт.

Што открива? Не сакате кога некој ви дише во вратот, никогаш не си дозволувате да го контролирате секој чекор на партнерот и му верувате. Сфаќате дека секој од вас има потреба од малку простор. Сепак, потребно ви е нешто што ќе ве увери дека тој е на неколку педи од вас, па затоа одржувате мал, но значаен контакт.

Водењето љубов ви претставува огромно задоволство и на двајцата, бидејќи максимално се трудите да ги задоволите желбите на партнерот, а и тој вашите. Проблем може да има ако само вие го воспоставувате контактот в кревет, а вашиот партнер е незаинтересиран да возврати.

Тој на грб, вие залепени за него

Вашиот сакан лежи на грб, едната рака ја има испружено кон вас за да ве земе да легнете врз неговото рамо или неговите гради.

Што открива? Тој има голема самодоверба и е уверен во себе. Ви нуди заштита која знае дека предизвикува да се чувствувате сакани и сигурни. Веројатно тој сака да биде или е главен во врската. Ако вие лежите настрана и свртени кон него, тогаш му дозволувате тој да биде столбот во врската и голем дел од одлуките да доаѓаат од него. Доколку легнувате на неговите гради, но и вие лежите на грб, тоа значи дека сакате да донесувате свои одлуки, т.е. дека се стремите кон рамноправност во врска, но во исто време го обожавате чувството на сигурност кое тој ви го нуди како маж.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.