Дали некогаш сте се запрашале што сакаат мажите да поседува нивната девојка? Одговорот на ова прашање зависи од карактерот на мажот, но и од неговите намери. Ако тој сака само нешто краткотрајно, најважни ќе му бидат вашите физички карактеристики. Но, ако со вас сака да има нешто сериозно, тогаш работите се менуваат.
Еве што тој би сакал да поседувате вие, ако планира иднина со вас:
- Женственост, но без преувеличување. Мажите сакаат кога жената се движи грациозно, зборува смирено, се облекува елегантно и се грижи за својата кожа. Но, мажите мразат кога нивната девојка треба да се подготвува 3 часа пред излегување, кога се нервира ако ѝ падне некој од вештачките нокти или пак кога одбива да прави некои работи затоа што се „под нејзиното ниво“. Идеалната девојка треба да изгледа одлично со малку подготовка и да не се плаши понекогаш „да си ги извалка рацете“.
- Убаво тело. Нема да ве лажеме дека на мажите најважно им е да знаете да водите смислен разговор. Мажите се визуелни суштества, тие се заљубуваат со очите. Тоа не значи дека треба да бидете модел за да го зачувате својот маж, но треба да се грижите за изгледот на своето тело. Не правете ја грешката на многу жени кои кога се во сериозна врска забораваат дека треба да се одржуваат во форма. Изберете физичка активност што ве прави среќни и борете се да останете најпривлечна во неговите очи.
- Лојалност. Лојалноста е карактеристика која ја бараат не само жените. Мажите исто така сакаат нивната партнерка секогаш да биде лојална и тоа не се однесува само на верноста. Идеалната девојка треба да застане на страната на својот партнер кога тој во јавност заштитува некој став. Никогаш да не го напаѓа во јавност, особено не пред неговите пријатели.
- Желба за интимност. Како што ние жените сакаме да знаеме дека сме посакувани, така и мажите ја имаат истата желба. Мажите обожаваат кога нивната партнерка иницира секс и се обидува да изгледа колку што може попривлечно во спалната.
- Позитивност. Никој не би сакал да биде во врска со човек кој е постојано нерасположен, незадоволен од ништо и разочаран од животот. Се разбира, сите имаме лоши периоди во животот и ако лошото расположение е краткотрајно, не треба да е проблем. Нема ништо попривлечно од насмевка и ако ја имате на своето лице секој ден, вашиот маж ќе има на што да се радува.
- Чувство за хумор. На секој му е потребен хумор за да може да се развесели. Шегите помагаат да се разбие мразот или да се разведри напната ситуација. Тие нè развеселуваат и не релаксираат. Насмевката е и еден од најдобрите афродизијаци. Па, разбирливо е зошто мажите сакаат жени со чувство за хумор.
- Готварски способности. Една интересна изрека вели: „најбрзиот пат до срцето на мажот е преку стомакот“. И воопшто не е погрешна. Мажите сакаат нивната партнерка да знае да го одржува домот и да знае да готви. Тие не бараат екстравагантни специјалитети, но мажот сепак сака да знае дека неговата сакана ќе може да го нахрани него (и во иднина нивните деца) со домашно приготвена храна.
- Самоувереност. Мажите сакаат до себе да имаат жена која верува во себе, знае што сака и не е несигурна. Никој од нив не би сакал партнерката постојано да му дава љубоморни забелешки и да го обвинува или пак да се однесува посесивно. Дури и кога од време на време тој фрла поглед кон некоја згодна женска, би сакал неговата девојка да ги изостави љубоморните коментари и дури да му се приклучи во воодушевувањето. Идеалната девојка е толку сигурна во себе што му дава до знаење на својот партнер дека тој ќе биде оној што губи ако погреши нешто во врската.
- Широки познавања од различни области. Ниту една врска нема да биде доволно возбудлива за да опстане, ако и двајцата кои ја сочинуваат не знаат да разговараат меѓу себе. Мажите сакаат да можат да разговараат со својата партнерка не само за последните трачеви од градот, туку и за последните случувања во светот и за различни хобија и интереси. Во една идеална врска, и двајцата треба да имаат свои хобија и теми за кои се интересираат, за потоа да можат да разменуваат мислења и искуства.
И мажите се доста пребирливи кога сакаат да ја најдат својата идеална партнерка. Доколку сакате да го зачувате својот маж до себе, дајте му го она што го сака, но најдете и начин да го добиете она што вам ви е потребно.