Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 20 интересни љубовни факти

20 интересни љубовни факти

Првиот танц на младоженци
Најпопуларна песна за првиот танц на младоженците на нивната свадба е песната “Everything I do“ од Брајан Адамс.
  1. Најпопуларна песна за првиот танц на младоженците на нивната свадба е песната „Everything I do“ од Брајан Адамс.
  2. Мажите кои ги бакнуваат своите сопруги наутро, живеат 5 години подолго, од оние што не ги бакнуваат.
  3. Гинисовиот рекорд за најдолго бакнување е поставен од британците Џејмс Белшоу и Софија Северин, кои за да го направат тоа се бакнувале 31 час, 30 минути и 30 секунди.
  4. Научните истражувања покажуваат дека во потта на мажите има супстанции кои ги возбудуваат жените.
  5. Двајца на секои пет луѓе стапуваат во брак со нивната прва љубов.
  6. Ако веќе имате наполнето 21 година, најверојатно веќе сте го запознале мажот со кој ќе стапите во брак.
  7. Кога се во почетокот на врската, околу 78% од жените би одбиле да имаат интимен контакт со партнерот, само ако не им се „средени“ нозете или пазувите.
  8. Гинисовиот рекорд за најдолг брак е неверојатни 85 години.
  9. Најстарите прирачници за секс се создадени уште пред 5 000 години во Кина.
  10. Резултатите од едно музичко истражување покажаа дека најромантична песна на сите времиња е песната „Unchained Melody“ од Righteous Brothers.
  11. Просечниот човек во текот на својот живот поминува 20 160 минути во бакнување.
  12. Книгата на Џејн Остин „Гордост и предрасуда“ се смета дека е најромантичната новела на сите времиња.
  13. Ајфеловата кула во Парис е најпопуларното место за предлагање на брак.
  14. Хаваите се место каде секоја година се одржува десетдневен фестивал со кој се слави љубовта преку музика, филм и храна.
  15. Додека се бакнуваат, 65% од луѓето ја вртат главата на десната страна.
  16. Во Литл Рок, Америка, флертувањето е нелегално и ако решите да се позабавувате на тој начин, ви се заканува затворска казна од 30 дена.
  17. Карактерот на луѓето кои се во врска се менува, за да стане колку што може посличен.
  18. Најстарата љубовна песна датира од пред 4 000 години и доаѓа од област помеѓу реките Тигар и Еуфрат.
  19. Според математичка теорија, треба да излегуваме со околу 12 луѓе, пред да можеме правилно да си го избереме животниот партнер.
  20. Една од пет долги врски започнува додека едниот од партнерите е во врска со друг човек.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.