Почетна » Љубов и секс » Сингл » Како да го заборавите?

Како да го заборавите?

Разделбата носи тага, болка, горчина, чувство на беспомошност, осаменост. Ако некогаш сте сакале некој вистински и тој повеќе не е во вашиот живот, тогаш многу добро знаете каква болка предизвикува разделбата и знаете дека не можете да очекувате да не боли.

Секоја разделба е болна. Милиони низ светот поминале низ неа и сè уште нема некој универзален водич кој ќе ви помогне лесно да заборавите дека некогаш сте го сакале оној кој повеќе не е до вас. Токму тоа е најтешкиот дел, вртењето на нов лист од животот и обидот да заборавите што имало на претходниот.

Замислена женаЗа да го заборавите, прво треба да ја убиете надежта дека некогаш ќе бидете повторно заедно.

Велат времето лечи сè. Но, понекогаш и не е баш така. Некои луѓе остануваат врежани во нашето сеќавање и колку и да се обидуваме да ги заборавиме, повторно се навраќаме на нив. Па, која е тајната? Како да оставиме некој во минатото каде што припаѓа?

  1. Убијте ја надежта. Ова е првиот најтежок чекор, бидејќи како што знаеме надежта последна умира. Секогаш ние жените сме склони да негуваме некаква надеж – надеж дека ќе сфати дека згрешил, надеж дека ќе се промени, надеж дека никогаш нема да може да засака друга и дека ќе се врати кај нас. Токму надежта е вашиот најголем непријател кога се обидувате да заборавите некого, па најдете начин да ја искорените од вашиот ум.
  2. Заборавете на мислите од типот „Ако не се случеше..., сè уште ќе бевме заедно“. Кога веќе не сте во врска со него и сте решени дека треба да го заборавите, тогаш повеќе од јасно е дека не треба да се измачувате со мисли за тоа што требаше, а што не требаше да правите или тој да прави. Разделбата е факт и сега дури и да ги смислите сите можни решенија на вашите минати проблеми, нема да имате корист, освен да ги пренесете како лекции во наредна врска.
  3. Побарајте ги пријателките за поддршка и разговор. Никако не смеете да се изолирате. Изолацијата ќе направи да се чувствувате депресивно и постојано ќе се самосожалувате. Ако вашите пријателки се во среќна врска, тоа не треба да ви биде причина за уште повеќе да мислите колку сте несреќни. Во таквите моменти вам ви се потребни токму весели и позитивни луѓе, а не пријателки со кои взаемно ќе се сожалувате. Со нив споделете ги сите ваши мисли, па така кога ќе останете насамо нема толку многу да се оптоварувате, веќе сè ќе имате кажано на глас.
  4. „Погребете“ ја вашата врска. Многу психолози го предлагаат овој трик за метафорично закопување на спомените. Соберете ги сите физички спомени (подароци, слики, карти од концерти) и исфрлете ги или пак соберете ги во картонска кутија и ставете ги во визба или некаде каде што ви се далеку од погледот. Додека ги фрлате или ја запечатувате кутијата, замислете ги сите тие спомени како пловат по површината на вода и полека заминуваат подалеку од вас.
  5. Направете последна сесија за плачење. Гледајте тажен филм или слушајте романтична музика која ви го пара срцето. Истурете ја целата лутина на лист хартија. Напишете сè што некогаш ви сметало кај него и не воздржувајте се. Пуштете ја секоја солза што ќе ви дојде во очите и постојано повторувајте си дека тоа е последниот пат кога издвојувате време за да мислите на него.
  6. Избегнувајте ги местата каде што знаете дека излегува. „Далеку од очите, далеку од срцето“. Излегувајте на места кои не спаѓаат на неговата листа на омилени. Доколку го гледате секојдневно, вашите чувства на лутина, љубомора или дури љубов ќе се засилуваат и нема да ви дозволат да го заборавите. Доколку го сретнете, не покажувајте слабост. Поздравете го и во никој случај не обидувајте се да започнете долг разговор или да дознаете што се случува во неговиот живот. Не заборавајте дека вашата мисија е да го заборавите.
  7. Сопрете ја секоја онлајн и офлајн комуникација. Избришете го од вашата листа на пријатели на социјалните мрежи што ги користите, пред тој да напише нешто што ќе ве повреди или ќе ви ги врати чувствата кон него. Така нема да ви се појави чувство на љубомора кога некоја друга ќе се појави во неговиот живот. Променете си ја лозинката, доколку тој ја знае. Ретки се тие кои што би му одолеале на искушението да проверат што се случува кај нивниот бивши партнер доколку знаат дека имаат достап, дури и тоа да е чисто поради забава. На мобилниот телефон променете го неговото име во „Х“ или „оној што не ме заслужува“ и никогаш не бидете слаби за да стигнете до момент да му се јавувате.
  8. Убедете се дека тој не е вистинскиот. Најлогичниот начин за да можете да го оставите во минатото засекогаш е да се убедите дека тој не беше вистинскиот за вас. Кога веќе сте стигнале до разделба, значи не сте можете да преминете преку некои разлики или надворешни влијанија. За вие да го заборавите, прво треба да го заборави вашиот ум. Дури и во моментов да мислите дека тој е вистинскиот, со текот на времето ќе си го промените мислењето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.