Почетна » Љубов и секс » Сингл » 8 типа девојки на кои мажите не можат да им одолеат

8 типа девојки на кои мажите не можат да им одолеат

Пребирливоста обично им се припишува на претставничките на понежниот пол. Реално погледнато, мажите се исто толку пребирливи колку и жените. Можеби мажите не го приклучуваат својот филтер на највисоко ниво кога станува збор за љубовна авантура за една ноќ, но дефинитивно стануваат деликатни при изборот на девојка со која сакаат стабилна врска.

Има неколку типови девојки со неодолив карактер околу кои мажите стануваат како пчелички до мед. Еве кои се тие:

Спонтаната девојка со немирен дух

Спонтаната девојка со немирен дух

Тоа е девојката која не го заспива детето во себе, има одлична смисла за хумор, умее да го насмее саканиот со солзи, но и секогаш се смее на неговите шеги. Некои се вљубуваат во неа поради нејзиниот едноставен начин на размислување, други поради вечниот блесок во нејзините очи, трети поради нејзината спонтаност. Накратко, таа им го опростува животот на мажите, а не им го комплицира.

Скромната девојка

Скромната девојка

Скромната девојка не се возбудува од материјални нешта. Неа не ѝ е преокупација месечната плата на партнерот, не ѝ значи кои се неговите родители, или дали ќе биде побарана нејзината рака со дијамантски прстен. Таа го сака мажот покрај себе поради тоа што е, а не заради она што може да го извлече од него. Скромната девојка нема нереални барања и очекувања, па затоа е посакувана и ценета од мажите.

Сензуалната девојка

Сензуалната девојка

Сензуалната девојка е силно привлечна за посилниот пол. Таа е далеку од срамежлива, знае дека поседува магнетски сексапил и не се плаши да го искористи. Сензуалната девојка не верува дека мажот треба да биде главниот иницијатор во спалната и не се воздржува да го направи првиот чекор. Мажите ја обожаваат поради начинот на којшто ги заведува, бидејќи со неа се чувствуваат посакувани, а исто така не остануваат рамнодушни на нејзиниот слободен авантуристички дух.

Нежната романтична девојка

Нежната романтична девојка

Романтичната девојка крие во себе неодолив женствен шарм, нејзиниот говор е нежен, има елегантен став и е среќна кога нејзиниот партнер се грижи за неа. Има оптимистичко гледиште кон животот и се става во „чизмите“ на саканиот во секоја ситуација. Мажите ја сакаат затоа што не е агресивна, знае да ги воодушеви со романтични гестови, не му создава притисок на партнерот, а за возврат бара само внимание и љубов.

Девојката со цврст карактер

Девојката со цврст карактер

Таа е интелигентна, упорна и точно знае што сака. Има сопствен живот, сопствени соништа и цели кои се стреми да ги постигне. Не чека да се појави принцот на бел коњ за да ѝ ги реши проблемите или да ја исполнува секоја нејзина желба. Партнерот ретко ќе ја гледа со солзи во очите, а таа никогаш нема да ги користи своите емоции за да манипулира со него. Мажите знаат дека жените се чувствителни, дека плачат и можат да бидат лесно повредени. Но, исто така сакаат кога жената покрај нив ќе ја прегризе својата уста, ќе заземе цврст став и ќе покаже дека има контрола врз сопствениот живот.

Девојката „предизвик“

Девојката „предизвик“

Мажите ја сакаат возбудата која им ја дава љубовната игра на освојување. Тие ги сакаат жените кои се привлечни, софистицирани, интелигентни, шармантни, а не им ги нудат своите срце и тело на послужавник. Иако секој маж ја посакува девојката „предизвик“, ретко кој се осмелува да ѝ пријде.

Грижливата девојка

Грижливата девојка

Тоа е девојката која не престанува да се грижи за својот партнер. Не ѝ претставува проблем да ги собира нештата кои тој ги остава зад себе, да готви и чисти. Секогаш е подготвена да го ислуша и да му ја понуди својата поддршка и почит. Мажите обожаваат некој да се грижи за нив, па добар дел од нив се во потрага по грижлива девојка. Тие се убедени дека таа ќе биде совршена сопруга и мајка.

Неконвенционалната девојка

Неконвенционалната девојка

Во неа се крие нешто посебно кое ја издвојува од толпата. Таа никогаш нема да се растревожи затоа што нејзиниот партнер заборавил дека е Св. Валентин, бидејќи искрено ги презира љубовните клишеа. Тоа е девојката која плени со нестандардни идеи и размислувања, која како стрела трча кон предизвиците и од која можете да очекувате сè, а мажите ја сакаат бидејќи секој ден со неа им е новост и авантура.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.