Македонскиот моден бренд „Be." постигна значаен успех на меѓународно ниво, на поле на фотографија од нивната најнова, сè уште необјавена колекција Be. WANTED е избрана и објавена на реномираната платформа Photo Vogue, дел од глобалната Condé Nast мрежа.
Фотографијата, дело на талентираниот фотограф Дарко Митев, е снимена во рамките на фотосесијата за новата колекција, која ќе биде лансирана во недела попладне. Високите уметнички стандарди на Photo Vogue ја прават оваа објава уште повредна, бидејќи платформата курира и ги промовира најинтересните креативци во современата фотографија и мода.


Photo Vogue претставува архив и сцена за уметници од целиот свет, поврзувајќи ги со престижните модни и медиумски брендови на Condé Nast. Со над 6.000 уметници, 37 брендови и присуство во 32 пазари, оваа платформа е препознатлива по својата посветеност на визуелна инклузивност, иновација и уметничка вредност.
Со ова признание, „Be." се позиционира како македонски бренд што го надминува локалниот пазар и станува дел од глобалната модна приказна.



Со лансирањето на Be. WANTED, брендот продолжува да ја негува својата уникатна визија и да го редефинира начинот на кој модата комуницира со уметноста. Останува да се види како новата колекција ќе биде прифатена, но едно е сигурно – "Be." веќе испраќа јасна порака дека македонската мода има што да каже на глобално ниво.



#BeAuthentic #BeLimitless #BeVogue #BeWANTED