Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Како да му раскинете на безболен начин?

Како да му раскинете на безболен начин?

Раскинувањето никогаш не е лесно. Без разлика дали е иницирано од вас или од другата страна, раскинувањето најчесто остава барем едно скршено срце. И сепак, разделбата е подобра опција отколку да останете во врска во која се измачувате. Понекогаш тоа е неопходното зло.

Веќе немате чувства кон партнерот? Врската ви се распадна до тој степен што не може да се поправи? Чувствувате дека ќе бидете посреќни со некој друг? Време е да започнете да размислувате како да ставите крај на сегашната врска.

Скршено срцеРаделбите никогаш не се лесни

Не постои магична стратегија која ќе да го направи раскинувањето лесно и едноставно, но постојат неколку совети и тактики со чијашто помош ќе успеете да му раскинете на вашиот партнер колку што е можно побезболно.

  1. Помислете добро зошто сакате крај на врската и осигурете се дека разделбата е она што навистина го сакате. Ако мислите на разделба веднаш по некоја жестока дискусија, најдобро е да почекате да ви се олади главата затоа што голема е веројатноста подоцна да се премислите. Доколку подолго време размислувате за разделба, помислете кои се причините поради кои не сакате да сте повеќе со вашиот сегашен партнер. Никогаш не започнувајте разговор за раскинување ако преку него само сакате партнерот да ви обрне внимание или да го заплашите.
  2. Неколку дена оддалечете се од него. Избегнувајте ги долгите разговори. Кажете му дека неколку дена ќе имате премногу работа или премногу за учење и дека нема да можете да излегувате заедно. Кога ќе ви се јави, бидете поладни од обично. Малата пауза вам ќе ви даде можност подобро да размислите дали навистина сакате да му раскинете, а нему ќе му укаже дека нешто не е во ред.
  3. Ако сте сигурни дека тој не е за вас, не одложувајте. Знаете дека треба да му раскинете, но немате храброст. Си помислувате: „Сите мои пријатели и семејството го сакаат, ќе почекам да си го променат мислењето“, „Премногу ме сака, ќе почекам некое време за да му оладат чувствата“... Грешка и повторно грешка. Колку повеќе чекате, толку повеќе се измачувате, а и ризикувате тој уште повеќе да се приврзе кон вас или да започне да прави заеднички планови (за летен одмор или во краен случај – свршувачка), па на крајот раскинувањето ќе му падне многу потешко.
  4. Тој треба прв да дознае за разделбата. Во ред е да разговарате со вашата најдобра пријателка за проблемите кои ги имате во врската, но во никој случај не зборувајте пред целото друштво дека имате намера да му раскинете. Некои луѓе не знаат да чуваат тајна, па веста брзо може да дојде до неговите уши или до неговиот News Feed на Facebook. Ако барем малку се грижите за неговите чувства и достоинство, ќе му кажете прво нему.
  5. Раскинете му лично. Не користете e-mail, Facebook или SMS-пораки за да му ја соопштите лошата вест. Раскинувањето преку порака е кукавичка постапка. Единствено можете да го користите овој начин ако тој ве повредил толку многу што не сакате повеќе да му го видите лицето.
  6. Изберете соодветна локација. Договорете се да се најдете на неутрален терен. Никогаш не треба тоа да е во неговиот или вашиот дом. Но, ако не сакате да го понижите, не треба да е ниту на премногу јавно место како кафуле или ресторан. Никогаш не можете да предвидите како ќе реагира кога ќе слушне за веста. Најдобро е да сте некаде во парк, на поприватна клупа. Но, доколку сметате дека тој може да биде насилен, раскинете му на место во чија околина има луѓе.
  7. Не заобиколувајте. Бидете искрени, но чувствителни. Нема да погрешите ако започнете со фразата „Треба да разговараме“. Можеби делува како клише, но така тој веднаш ќе добие претстава за што се работи. Не наведувајте излитени причини како: „Не е до тебе, во мене е проблемот. Во моментов не сакам да сум во врска“. Но, не бидете ни премногу остри. Не заборавајте дека никој не сака да добие „корпа“. Наведете му неколку од работите кои ви пречат кај него и објаснете му зошто не си одговарате.
  8. Не оставајте простор за „можеби“. Не му давајте лажна надеж само за да го утешите во моментот. Потребно е да му ставите до знаете дека е крај за да може веднаш да започне го прифаќа тоа. Ако го залажувате со „Сега не сум спремна за сериозна врска, можеби за неколку месеци“ или „Има надеж, но ми треба време“, тој нема да може веднаш да го започне процесот на преболување и подолго ќе го измачувате. Бидете искрени.
  9. Очекувајте секаква реакција. Бидете спремни да видите солзи, лутина, бес, ладнокрвност или вашиот партнер да започне да ве моли. „Те молам немој“, „Како можеше да ми го направиш ова?“, „Ќе зажалиш за ова“, „Никогаш нема да најдеш некој како мене“... ова се само дел од реакциите кои можете да ги очекувате. Во најлош случај очекувајте да стане и насилен и да се заканува. Пред да го започнете разговорот, треба да сте подготвени за овие реакции за да можете трезвено да реагирате.
  10. Не дозволувајте да бидете изманипулирани. Ако сте решиле дека треба да се разделите, држете се до таа ваша одлука. Не го сожалувајте ако видите солзи на неговото лице. Не дозволувајте по стоти пат да ви даде ветувања што знаете дека нема да ги исполни. Сигурно не сакате да останете со човек кој го сожалувате или да сте во врска поради чувството на вина.
  11. Оддалечете се од него. Не му се јавувајте наредниот ден за да го прашате како е. Не се обидувајте да му станете пријателка. Најдобриот начин да му помогнете е да се дистанцирате од него. Отсуството на било каков контакт ќе му овозможи побрзо да ја преболи разделбата.

Се разбира, како ќе раскинете зависи од самата врска. Ако сте излегле само еднаш или двапати, доволно е да не му се јавувате за да му потскажете дека е крај. Но, ако сте биле во подолга врска и сте имале чувства еден кон друг, изберете нежен начин да ја завршите врската за да ви останат добрите спомени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.