Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 7-те фази по раскинувањето

7-те фази по раскинувањето

„Најжешката љубов има најладен крај“. Сите ќе се согласите за вистинитоста на заклучокот на Сократ, затоа што несомнено колку повеќе сакате, толку повеќе боли разделбата.

Психолозите сметаат дека раскинувањето предизвикува исти емоции како и било која загуба, дури и загубата на сакан човек поради смрт. Во такви моменти започнува процесот на тагување којшто може да поминува низ неколку фази како одрекување, лутина, депресија...

Оној кој го иницирал раскинувањето можеби нема да ги доживува овие фази толку силно како оној којшто изненадно бил оставен, но на еден или друг начин секој чувствува последици од разделбата.

Тажна женаТагувањето е нормален процес којшто ќе придонесе да го заборавите вашиот бивши еднаш засекогаш

Некои ќе ги доживеат следните фази по ред, други ќе доживеат одредени фази по неколку пати, а трети пак ќе прескокнат неколку. Тоа многу зависи од самиот карактер. Без разлика во која група сте вие, познавањето на фазите по раскинување ќе ви помогне да знаете што да очекувате и да сфатите дека тагувањето е нормален процес којшто ќе придонесе еднаш засекогаш да го заборавите вашиот бивши.

  1. Шок. Се чувствувате како да ве удрил воз и постојано си повторувате „Што се случи?“. Не можете да поверувате дека вашата врска се распадна, збунети сте, не можете да спиете и на моменти воопшто не можете да се сетите на самиот момент кога сте раскинале. Оваа фаза поемоционално ја преживуваат оние кои што биле оставени, во споредба со оние кои го иницирале раскинувањето. Фазата на неверување и шок може да трае од неколку часа до неколку месеци, во зависност од тоа колку сте успеале да го предвидите крајот на врската.
  2. Одрекување. Си помислувате „Не, ова не може да ми се случува мене. Нашата врска е толку силна“. Во оваа фаза вие всушност одбивате да ја согледате реалноста и си мислите дека ако не ја прифатите, тоа ќе значи дека разделбата и не се случила. Со часови или со денови може да живеете со помислата „Сигурно е само период, не се разбравме како што треба, тој сигурно ќе ми се врати“. Можно е сè уште да им немате кажано на своите пријателки дека сте раскинале, затоа што не сметате дека разделбата е факт. Доколку вие сте ја иницирале разделбата, но всушност не сте имале намера да се разделите дефинитивно, тогаш најверојатно ќе помислувате „Тој ме сака, сигурно ќе направи сè да се смириме“. Ако сте во оваа фаза, најдоброто нешто што можете да го направите е да не се лажете себеси и да ја согледате реалноста. Додека сте во оваа фаза најверојатно ќе посакате да контактирате со него преку телефон за да си потврдите дека сè е готово или пак ќе проверувате дали неговиот статус на Фејсбук се променил во сингл.
  3. Лутина. Вашата тага преминува во лутина и дури и омраза. Постојано мислите на самиот момент на раскинување, на причините поради кои тој решил да ви каже збогум и ви доаѓа да го нарекувате со најпогрдните зборови. Во текот на оваа фаза можно е да горите и фрлате фотографии или подароци од него или постојано да го навредувате кога разговарате со вашите пријателки. Доколку вие сте ставиле крај на врската, ќе чувствувате лутина што тој не прави ништо за да ја обнови вашата врска или можеби лутина кон себе што сте го повредиле на таков начин.
  4. Самообвинување. Започнувате да размислувате каде сте погрешиле, кое ваше однесување го испровоцирало толку многу за да се стигне дури до разделба. Најверојатно ќе започнете да си ги набројувате сите негативни карактеристики кои ги поседувате и да се обвинувате дека вие сте виновни за разделбата. Ако вие сте му раскинале, ќе започнете да се обвинувате дека сте му причиниле болка и страдање. Oва чувство ќе биде особено силно ако тој се обидува повторно да ве придобие и да се смирите.
  5. Страв и депресија. Раскинувањето несомнено го менува животот на којшто сте навикнати. Одненадеж останувате сами. Започнуваат да ве преокупираат мисли за тоа дали ќе си најдете друг и започнува да се појавува страв дека секогаш ќе останете сами или страв дека никогаш нема да можете да бидете среќни како што сте биле со него. Во текот на оваа фаза ќе ви се намали самодовербата, ќе се чувствувате екстремно тажни и нема да имате желба за ништо.
  6. Прифаќање. Ова е моментот кога ќе ја видите светлината на крајот на тунелот. Насмевнете се, затоа што сте го пребродиле најтешкиот дел од раскинувањето. Во оваа фаза веќе сте прифатиле дека се случила разделбата и јасно ви е дека треба да продолжите напред. Најверојатно досега на сите ќе им имате соопштено дека не сте во врска. Конечно ќе можете да издишете и да си кажете „Сè ќе биде во ред“.
  7. Враќање во живот. Малку по малку раните се затвораат и веќе заборавате на болката. Сигурно досега ќе го имате променето својот статус на Фејсбук во сингл и ќе ги имате тргнато настрана сите фотографии од него. Започнувате повторно да се состанувате со други луѓе и започнувате да си ја враќате надежта дека иднината крие нешто подобро за вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.