Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 7 предупредувачки знаци дека тој НЕ ја преболел бившата

7 предупредувачки знаци дека тој НЕ ја преболел бившата

Нема ништо интересно во тоа да започнете врска со некој кој ви одговара совршено, кога нешто ви потскажува дека тој не ја преболел својата бивша девојка. И нормално, има моменти во кои си велите дека сè е само ваша фантазија и дека ги преувеличувате работите, но има и такви моменти кога разумот и инстинктите ви велат дека има причина за сомневање.

Игнорирањето на инстинктите и знаците кои ви укажуваат дека неговото срце е далеку од вас, може да ви донесе разочарување и болка. Затоа, пред да започнете да градите врска, треба да одредите дали вашите сомневања држат вода или се само моментална здрава љубомора.

Тажна девојка

Еве неколку знаци кои може да ви сигнализираат дека тој не ја преболел бившата:

  1. Постојано зборува за неа; ве споредува со неа. Често во вашите разговори се појавува нејзиното име, и тоа не доаѓа од вашата уста. Еден ден може и да се запрашате: „Како ли успева некако сè да поврзе со неа за да го спомене нејзиното име?“. Тоа е сигурен знак дека таа не излегува од неговите мисли. Нека не ве залажуваат слатките зборови како „Ти си многу поубава/послатка од неа“. Споредбите со бившата никогаш не се добар знак, дури ни кога доаѓаат во слатко пакување.
  2. Сака да ги репризирате нивните состаноци. Излегувате во романтично кафуле и низ разговор тој ви споменува дека таму бил неговиот прв состанок со бившата. Наредниот ден ви вели: „Ајде да одиме на билјард, многу е забавно“, а вам во главата веднаш ви се врти филмот дека со неа редовно играле заедно. И кога ќе прифатите да одите на тие места, забележувате дека од време на време тој застанува замислено со тага во очите. Сосема нормално е во ваква ситуација да се посомневате дали тој е заинтересиран за нова врска или копнее за онаа старата.
  3. Постојано споменува дека нејзиниот нов партнер е идиот. Неговата бивша веќе е во нова врска, но вашиот сакан воопшто не го почитува нејзиниот избор. Во ред е еднаш да спомене дека новиот дечко на бившата е идиот и дека не вреди за ништо, но ако го прави тоа често, тоа е сигурен знак на љубомора. Во таков случај, тој најверојатно сè уште има силни чувства кон неа.
  4. Продолжува редовно да комуницира со неа, а кога ќе му речете нешто за тоа, станува заштитнички настроен. Многу луѓе се обидуваат да останат пријатели со бившиот/бившата по раскинувањето. Ако и вашиот партнер е еден од нив, тогаш најверојатно ќе продолжи редовно да комуницира и да се сретнува со бившата. Тоа не треба веднаш да ве извади од такт и да ве претвори во љубоморна посесивна девојка, особено ако не го прави тоа тајно, но треба барем малку да ве подзамисли дали нивните средби и контакти не се закана за вашата врска. Доколку ви смета нивната комуникација, разговарајте со него. Ако стане премногу заштитнички настроен и по секоја цена одбие да го намали дружењето со неа, голема е веројатноста дека таа му е поважна во животот. А вие сигурно не би сакале да сте со човек кој не ве става на прво место, нели?
  5. Ја користи вашата врска за неа да ја направи љубоморна. Размислете добро. Дали ве носи на места на кои знае дека ќе ја сретнете неа или нејзините пријатели? На пример, влегувате во кафуле и тој веднаш ве влече за рака да одите кон нејзиното друштво за да се поздравите. Потоа постојано ве прегрнува за да може таа да ве види заедно и забележувате дека неговиот поглед често забегува кон неа. Дали сите ваши фотографии завршуваат веднаш на неговиот профил на Facebook? Мажите обично не сакаат уште на почетокот на врската да го опсипат својот профил со слатки романтични фотографии. Ако тој го прави тоа пречесто, можеби е затрескан во вас, но не ја исклучувајте можноста тој да ја користи вашата врска за да предизвика љубомора кај бившата.
  6. Прави сè за вие двете да не се запознаете и/или врската да ви остане тајна. Тој неодамна раскина со неа и по кратко време вие започнавте да излегувате. Но, тој избегнува да се појавувате на јавни места каде што може да сретнете некој што ве познава, а кога случајно ќе здогледа некој познат, наеднаш се оддалечува од вас. Освен тоа, на неговиот профил на Facebook нема ниту еден доказ дека тој е во нова врска. Таквите знаци треба да ви го вклучат алармот. Можеби тој сака вашата врска да остане тајна за да си ги зачува шансите за смирување со неа.
  7. Нивната долга врска завршила пред помалку од месец дена. Ако бил во долга врска, сигурно ја сакал. А ако ја сакал, нема да може да ја заборави за еден месец. Бидете сигурни дека тој не ја преболел. Но, не бегајте веднаш, особено ако гледате дека тој дава сè од себе за да ви се посвети вам. Само останете претпазливи.

За навистина да утврдите дали тој сè уште е затрескан во бившата, набљудувајте со широко отворени очи и не го игнорирајте она што ви го вели вашиот женски инстинкт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.