Доколку сте родени во овој знак, вие сте исклучително интелигентни и полни со иноваторски идеи. Како што змијата ја менува кожата, така и вие треба да научите да ги менувате вашите стари навики за да бидете подготвени за нови почетоци. Така ќе ја постигнете вашата цел – духовен раст во хармонија со природата.
Често претставувате загатка за луѓето околу вас, затоа што сте таинствени, мистични и непредвидливи. Вие сте од оние личности кои своите најдлабоки чувства ги чуваат само за себе. Без разлика дали се работи за проблеми на работа или за љубовни проблеми, сакате сè да решите сами на ваш начин. Меѓутоа, кога се работи за туѓите проблеми, сакате да ги знаете до детали.
Често пропуштате добри прилики затоа што му ги покажувате забите на секој кој ќе ве засегне. Тешко се адаптирате и би направиле сè за да не ве вовлечат во ситуација која не е пожелна за вас. Но, секогаш имате јасна цел пред себе и одлучно чекорите кон неа. Поседувате истражувачки дух, кој секогаш е насочен кон некои недоволно познати или сè уште неоткриени области.
Вашиот минерал, аметистот, е симбол на праведноста, па вие имате способност точно да ги проценувате ситуациите и луѓето и да носите праведни одлуки. Но, понекогаш сте преголеми идеалисти.
Припадниците на овој знак најчесто имаат ладно однесување и треба да помине извесно време пред да излезат од нивната повлеченост. Женските Змии се поарогантни, додека машките се попристапни и попристојни. Дури кога ќе почувствуваат дека се сакани, Змиите ја отфрлаат својата резервираност и се претвораат во диви и страсни личности. Среќата на нивниот партнер им е на прво место.
Често бараат од своите деца да станат самостојни пред да се способни на тоа, а потоа се прават дека не ги забележуваат, а всушност често ги контролираат.
Боја: зелена
Минерал: аметист
Растение: магарешки трн
Најмногу си одговараат со: Гуска, Дабар, Клукајдрвец и Кафеава мечка.