Ако сте родени во знакот на Клукајдрвецот, вие постојано сте во потрага по нови пријатели. Сакате да си создадете пријатно „гнездо“, но ќе му се радувате само ако го споделите со луѓето кои ги сакате. За вас гостите се секогаш добредојдени.
Вие сте познати како личности кои се заштитнички настроени, со силен мајчински инстинкт. Понекогаш дури и претерувате со грижата и љубезноста кога станува збор за луѓето кои ви значат. Вашиот живот е комплетно посветен на семејството, а посебно сте задоволни кога сте ангажирани во разни социјални и хуманитарни акции.
Ги сакате парите, но сите ги вложувате во домот и семејството. Верни сте и за вас бракот е нешто свето. Не ве интересираат туѓите животи затоа што целосно им се посветувате на блиските. Како клукајдрвецот, така и вие знаете да бидете добри родители, но понекогаш ви е тешко да им дозволите на вашите деца да го напуштат „гнездото“.
Поради вашата постојана грижа за блиските и поради вашите обиди постојано да ги заштитувате, вие често ги заборавате другите ваши обврски. Треба да разберете дека не можете да ја контролирате судбината на другите. Мора да им дозволите на работите да се одвиваат по нормален тек и мора да престанете да преземате одговорност за сè.
Ваш минерал е карнеолот, кој најчесто се поврзува со крвта, па поради тоа за родените во овој знак е важно сè што доаѓа од срцето.
Родените во знакот Клукајдрвец се таинствени личности кои можат да молчат со часови. Исто така, тие се нежни, па дури и на мажите повеќе им значи емоционалното отколку телесното задоволство. Доколку сте заљубени во личност од овој знак, морате да бидете многу трпеливи, затоа што е многу тешко да ја победите повлеченоста и молчеливоста на клукајдрвците.
Боја: розова
Минерал: розов кварц
Растение: шипка
Најмногу си одговараат со: Кафеава мечка, Дабар, Гуска, Волк и Змија.