Почетна » Убавина и мода » Шминка » Четки за шминка

Четки за шминка

За да добиете одличен изглед и правилно да можете да ја нанесувате шминката, потребни ви се четки со кои да го правите тоа. Четките за шминкање се одлична инвестиција и ако ги одржувате правилно ќе траат многу долго време.

Какви четки да изберете?

Четки за шминкање

Четките за шминка се прават од различни видови влакна, но основно постојат две категории - четки од природни влакна и четки од синтетички влакна.

Четките направени од природни влакна се прават од влакна од различни животни како верверици, кози, пони и самур, а вештачките четки се создадени од синтетички материјали како најлон.

Навистина природните четки се подобар избор, но денес постојат и многу компании кои прават одлични синтетички четки. Ако можете да си дозволите, не штедете пари кога купувате четки за шминка, затоа што со правилна употреба тие ќе ви помагаат да изгледате совршено многу долго време.

5 основни четки кои ви се потребни

  1. Четка за пудра. Оваа четка е голема, со долги влакна и бушава. Со нејзина помош се нанесува пудра во прав врз целото лице, особено на Т-зоната, за да се елиминира непотребниот сјај на кожата.
  2. Четка за руменило. Четката за нанесување на руменило е помала од четката за пудра. Таа може да биде заоблена на врвовите на влакната. Понекогаш четките за руменило имаат подолги влакна на едната страна и не се кружни, туку сплескани, за попрецизно да се нанесува руменилото. Со овој тип четка лесно се нанесува руменилото на образите, а може да се користи и за нанесување на пудра во прав.
  3. Четка за нанесување на сенка за очи. Оваа четка е мала, со кратки влакна и служи на нанесување на сенката за очи на очните капаци. Со неа можете да ја нанесете прецизно сенката и во надворешниот и во внатрешниот агол на окото.
  4. Четка за оцртување на контурите на окото. Ова е мала четка, со малку влакна кои оформуваат тенок и прецизен врв. Со оваа четка, со помош на течен ајлајнер, може да се оцрта правилно и прецизно окото.
  5. Четка за нанесување на карминот. Тоа е мала и широка четка со малку подолги влакна. Со неа попрецизно можете да ги оцртате усните и да го нанесете карминот.

Четки за шминкање

Како да ги одржувате четките за шминка?

Четките за шминка треба да ги одржувате за да траат подолго и за да не дозволите врз нив да се развијат бактерии. Еве како да го правите тоа:

  • Оцет. Измешајте оцет и вода во однос 1:2 и потопете ги четките во растворот. Оставете ги неколку минути и потоа измијте ги со топла вода. Ова е одличен начин да ги дезинфицирате вашите четки.
  • Шампон. Ако користите четки со природни влакна, шампонот е одличен начин да ги чистите. Нанесете мала количина шампон, протријте нежно и исплакнете со млака вода. Потоа оставете ја четката на крпа да се суши.

Чистете ги четките за усни веднаш по употребата, а останатите еднаш неделно или на две недели. Само така ќе ги зачувате бактериите подалеку од вашето лице и ќе им го продолжите животот на вашите четки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.