Почетна » Убавина и мода » Шминка » Мејкап трендови – есен/зима 2013

Мејкап трендови – есен/зима 2013

Шминката за новата сезона оди во крајности – од една страна силно привлекува природниот минималистички изглед, а од другата страна натежнуваат вамп усни и драматични очи. Фрлете поглед на највпечатливите мејкап трендови.

Бордо „вински“ усниМрачен и смел погледВраќање кон „мачкините очи“ од 60-титеПриродно си е природноПолни впечатливи веѓиМеталик очиЧоколаден или бакарен „зачаден“ поглед

Бордо „вински“ усни

Вистинско време е да ја почувствувате магијата на драматичните усни. Затемнете го класичниот црвен кармин, насочувајќи се кон бордото кое ја крие хипнотизирачката убавина на нијансите на темното црвено вино.

Темноцрвените усни зрачат со фатална и сексапилна привлечност. За максимален ефект, мејкап експертите советуваат останатата шминка да остане минимална.

Мрачен и смел поглед

Големиот кам-бек на панкот и гранџот на модната сцена значи и побунтовна шминка. Црните и темносивите сенки за очи ќе ви помогнат брзо да стигнете до смел изглед.

Оцртајте ги и горните и долните очни капаци со темно моливче, а потоа нежно размачкајте ги линиите за се приближите кон „зачадената“ шминка. Целете да постигнете „глам-гранџ“ поглед.

Враќање кон „мачкините очи“ од 60-тите

Прецизното исцртување на очите со ајлајнер во стилот „мачкини очи“ продолжува да фасцинира. Играјте си со дебелината и должината на линијата на горните очни капаци за да ја прилагодите шминката на дневен или вечерен изглед.

Понежен изглед можете да постигнете ако ајлајнерот го замените со сенка за очи која внимателно ќе ја нанесете со тенка четка.

Природно си е природно

Кадифената кожа со минимален сјај е најпосакувана за романтичен и нежен природен изглед.

Идејата е визуелно да изгледате како да сте ја заборавиле шминката, па преферирајте бежови сенки за очи, минимално руменило кое на образите ќе ви донесе малку боја како да сте биле изложени на студено ветре и еден слој маскара.

Полни впечатливи веѓи

Умерено користете ја пинцетата – густите и впечатливи веѓи се помодерни отсекогаш. Тенките веѓи кои како лак се извиваат над очите останаа во минатото.

Дајте им поголема моќ на веѓите со помош на молив за веѓи во соодветна боја.

Металик очи

Шармирајте со мистична металик шминка на очите. Изберете сребрен ајлајнер за футуристички изглед или сенки со златен или сребрен отсјај за изглед на гламурозна дива.

Чоколаден или бакарен „зачаден“ поглед

Додека за време на топлата сезона најактуелни беа сините и зелени сенки за очи, сега фокусот е поставен на кафеавите и бакарните сенки.

За дневен изглед користете чоколадни сенки за очи со мат финиш, а за посвечени прилики дозволете си луксузни светкави бакарни сенки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20925 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.