Почетна » Убавина и мода » Тело » Убавина од кујната

Убавина од кујната

Краставица и зелен лимон
Ако имате руса или светло кафеава коса, лимонот ќе ви помогне да ја направите една или две нијанси посветла.
  1. Жив компир за потечени очи. Многу пати се будиме со потечени очи. За тоа може да ни помогне живиот компир. Ставете изрендан компир на двете очи (4 супени лажици). Откако ќе поминат 15 минути, измијте го со млака вода.
  2. Кесички со чај за темните кругови околу очите. Натопете со топла вода две кесички со чај и ставете ги врз затворени очи. Оставете ги да делуваат 15 минути. Танинот од чајот помага да се намалат темните кругови околу очите.
  3. Домат за затегнување на кожата на лицето. Пресечете парче домат и со него поминете преку чисто лице. Веднаш ќе го почувствувате дејството на доматот.
  4. Сол и шеќер за ексфолирање на кожата. Солта и шеќерот се одлични за отстранување на мртвите кожни клетки. Сè што треба да направите е да ги измешате или солта или шеќерот со масло. Ако користите шеќер, по употребата измијте ја кадата, затоа што може да лепи.
  5. Наместо бебешка пудра – пченкарно нишесте. Тоа го запира потењето и ја омекнува кожата. Ако сакате да има арома, попрскајте го нишестето со вашиот омилен парфем.
  6. Лимон за посветла коса. Ако имате руса или светло кафеава коса, лимонот ќе ви помогне да ја направите една или две нијанси посветла. Откако ќе го нанесете лимонот на косата, за да добиете подобар ефект стојте на сонце. Лимонот помага и за отстранување на флеки по кожата на рацете или колената на нозете. Едноставно пресечете го лимонот на половина и истријте ги. Не употребувајте лимон ако имате испукана кожа.
  7. Маслиново масло за косата и кожата. Маслиновото масло е добар сојузник на убавината. Тоа ја омекнува кожата, може да се користи како регенератор за коса, ги омекнува кутикулите и ги зацврстува ноктите. Можете да го користите и за отстранување на шминка.
  8. Алое вера за пресончана кожа. Најдобро е да користите свежи лисја од алое вера. Исцедете го гелот од нив и намачкајте ја кожата. Повторувајте ја процедурата неколку дена.
  9. Мед како балсам за усни. Медот е одличен дар од природата за постигнување на беспрекорен изглед на кожата. Медот освен што ги омекнува усните, тој ја прави кожата по целото тело мека и нежна како свила.
  10. Камилицата за парење на лицето. Парењето на лицето е одличен начин да ги отворите и темелно да ги исчистите порите на лицето. Тоа можете да ги направите така што ќе го држите лицето над сад со врела вода во кој сте ставиле чај од камилица. Покријте ја главата со крпа и останете во таа положба 10 минути. Камилицата ја смирува иритираната кожа на лицето и помага во лечењето на акните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.