Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ лакови и стилови за нокти – пролет/лето 2012

Топ лакови и стилови за нокти – пролет/лето 2012

Крајот на зимата ги збриша од трендовите темните и драматични нијанси на лакови. На пиедестал се издигнаа префинети, романтични и софистицирани нијанси кои го надополнуваат актуелниот дамски изглед промовиран од новите трендови кај облеката.

Свеж ментолСилна корална/црвено-портокаловаМодерни „голи“Смирена тиркизнаМлечна праскаНебесно и морнарско синоРомантична лавандулаКласична црвенаСончев и ѕвезден блесок

Свеж ментол

Млечната зелена боја неочекувано стана хит нијанса кон која се свртеа сите погледи. Свежа и ненападна, таа е идеална ако имате желба да го проследите трендот „пастелни нијанси“.

За максимално чист и впечатлив изглед, изберете лак кој воопшто не е проѕирен или нанесете барем два слоја за да ја минимизирате провидноста.

Силна корална/црвено-портокалова

Не секоја жена има доволно храброст да стави на себе кармин или облека во силна боја, но кога станува збор за лаковите за нокти, сите имаме повеќе од доволно смелост за да експериментираме.

Црвено-портокаловата, која е прогласена за боја на 2012 година, е тренд што се протега од глава до пети. Силните коралните нијанси и портокаловите лакови со црвеникави примеси ќе го разбудат вашиот оптимизам и со ентузијазам ќе се впуштите во експериментирање со нив.

Модерни „голи“

Пронајдете лак кој е најблиску до бојата на вашата кожа и дајте им елегантен и женствен изглед на ноктите.

Исто како што обувките во крем боја ги издолжуваат вашите нозе, лаковите за нокти во боја на пудра ги издолжуваат вашите нокти, а прстите изгледаат потенки и подолги.

Смирена тиркизна

Забавната тиркизна боја повторно се враќа меѓу најжешките трендови, но овој пат е посмирена, па поради тоа привлекува и повеќе обожавателки.

Волшебниот спој на зелена и сина, кој потсетува на егзотични морски плажи, ќе нè шармира во текот на пролетните и летните месеци.

Млечна праска

Заменете ги светлорозовите лакови со лакови во нежни нијанси на бојата на праска.

Со нијансите на праска вашите нокти ќе придобијат здрав изглед, а најдобро е што тие се складни и со посветол и со потемен тен на кожата.

Небесно и морнарско сино

Дизајнерите за оваа сезона црпеа инспирацијата од „под морето“. Таквиот аква тренд се пренесе и кај ноктите, па речиси сите нијанси на сината боја се во игра.

Пастелните сини нијанси и морнарското сино се популарен избор. Но, оние најхрабрите ќе се обидат и со неонското сино, бојата којашто ѝ стана фаворит на Бијонсе по раѓањето на нејзината ќерка Блу Ајви.

Романтична лавандула

Темната виолетова боја ја изгуби популарноста со завршувањето на зимата и на нејзино место се закотви романтичната боја на лавандула.

Нежната боја на лавандула е безбеден избор за секоја прилика и несомнено би се вклопила одлично во вашиот изглед ако сте облечени во кои било од актуелните пастелни бои.

Класична црвена

Гламурозната црвена боја, која вообичаено доминира во зимските трендови, премина во сончевата сезона.

Класичните црвени нијанси ќе ги израдуваат дамите кои не обожаваат премногу колоритен изглед и кои сакаат да ја задржат безвременската убавина во својот стил.

Сончев и ѕвезден блесок

Украсете ги вашите нокти со лак со светулки во сребрени или златни нијанси за да потсетуваат на летното сонце или вечерното ѕвездено небо.

Блескавиот тренд е последица на популарноста на стилот на облекување од 20-тите години, а одличен е за посвечените прилики во текот на топлата сезона.

Должина и облик на ноктите

Правоаголниот облик повторно е „аут“. Експертите предлагаат да им дадете предност на овалните нокти со средна должина.

Не заборавајте дека женственоста е главната карактеристика на новите трендови, па долгите елегантни нокти со заоблени врвови се вистинскиот избор за да го потенцирате тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.