Почетна » Убавина и мода » Мода » Шоуто на Victoria’s Secret 2013 – рајски спектакл од фантазиите

Шоуто на Victoria’s Secret 2013 – рајски спектакл од фантазиите

Најсексапилната ревија на светот заведува со неповторлив спој на театрални костими и долгоноги оскудно облечени манекенки.

На њујоршкото шоу на Victoria’s Secret синоќа дефилираа 40 модели во 67 спектакуларни костими. Драматичниот изглед на згодните убавици беше надополнет од 28 пара ангелски крила украсени со пердуви и кристали.

Ревијата беше сочинета од шест возбудливи сегмента. Британската култура беше инспирација за „British Invasion“, колоритниот изглед на егзотичните птици вдахна живост во костимите од „Birds of Paradise“, преживеани убавици по бродолом го исполнија сегментот „Shipwrecked“, забавни костими испреплетени со весел дух и позитивност завладеаја во „Pink Network“, романтиката, мистичноста и гламурот на Париз го дефинираа „Parisian Nights“, додека кристалната белина на снежната зима ги роди идеите за „Snow Angels“.

Екстравагантните обувки доаѓаат од фантазијата на дизајнерот Николас Кирквуд, а просечната висина на потпетиците е 15 сантиметри.

Грандиозното шоу започна со најлуксузната креација – градникот од 10 милиони долари. Кендис Сванапул занесно се движеше по светкавата писта во „Royal Fantasy Bra“, изработен од 18-каратно злато и декориран со повеќе од 4.200 скапоцени камења, меѓу кои има рубини, дијаманти и жолти сафири. Во центарот на градникот блескаше 52-каратен рубин во форма на круша. Белите ракавици го дополнија кралскиот изглед на 25-годишниот ангел.

Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret

Публиката беше шармирана од мала армија светски познати манекенки, меѓу кои Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Сванапул, Ерин Хедертон, Лили Олдриџ, Кара Делавин, Беати Принсло, Линдзи Елингсон, Џесика Харт, Карли Клос, Тони Гарн, Џоан Смолс, Сара Сампајо, Хилари Рода и Магдалена Фраковјак.

Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret

Музиката им беше препуштена на Тејлор Свифт и бендовите Fall Out Boy, A Great Big World и Neon Jungle.

Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret Шоуто на Victoria's Secret

Видео од шоуто

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.