Почетна » Убавина и мода » Мода » Чекорете елегантно и сигурно со високи потпетици

Чекорете елегантно и сигурно со високи потпетици

Високите потпетици никогаш не излегуваат од мода. Всушност како што поминува времето, висината на модерните обувки се зголемува, а ние жените треба да се прилагодуваме кон тој тренд.

Чизми, чевли или сандалки. Не е важно што ќе изберете. Важно е тие да бидат со висока штикла за да изгледате елегантни, секси и модерни.

За да не изгледате глупаво кога носите обувки со виска штикла, следете ги следните совети:

Високи потпетициВисоките потпетици секогаш се елегантни и секси, а најдобро е што никогаш не излегуваат од мода.
  1. Направете го вистинскиот избор. Квалитетот и удобноста одат рака под рака со високата цена. Се разбира, има и исклучоци, но секоја жена треба да инвестира во барем еден пар квалитетни поскапи обувки. Пред да излезете од дома, обидете се да дознаете што точно ќе правите – дали ќе пешачите долго или не. Според тоа одлучете колкава висина на штиклата би била соодветна.
  2. Вежбајте дома. Никогаш не го чекајте последниот момент за да ги облечете новите обувки. Ако го направите тоа, ризикувате да добиете плускавици по нозете. Задолжително е да ги пробате новите штикли прво дома. Ако ве стегаат, ставете подебели чорапи и поносете ги низ дома барем два часа.
  3. Зголемувајте ги сантиметрите малку по малку. Како што ќе се зголемува вашата самодоверба, така зголемувате ја и висината на штиклите. Ако немате желба или средства за да си правите колекција од обувки со различна височина на штиклата, еве една вежба која ќе ви помогне да се искачите на посакуваната висина.

    Застанете нормално, опуштете ги прстите на нозете и започнете бавно да ги подигате петиците. Целата тежина нека паѓа на предниот дел од стапалото. Чувството е исто како кога сте на штикли. Вратете се во првата положба. Повторувајте ја оваа вежба секогаш кога можете. Ако лесно ја губите рамнотежата, потпирајте се со рацете на стол. На тој начин ќе добиете и цврсти нозе и стабилни чекори.

  4. Опуштете ги нозете. Многу жени прават две основни грешки, поради кои изгледаат смешно додека одат на штикли – ги стегаат колената или премногу ги виткаат. Нозете треба да бидат опуштени. Чекорете исто како што би чекореле кога би биле со ниски обувки.
  5. Прво штиклата ја допира земјата. Запомнете: при секој чекор земјата треба да ја допре прво штиклата, а потоа го поставувате остатокот од вашето стапало. Само така ќе изгледате природно и елегантно.
  6. Соберете го стомакот, рамената повлечете ги назад и исправете ја главата. Кога чекорите на високи потпетици, најважна е рамнотежата. Стегнатите стомачни мускули ќе ви го дадат потребниот баланс, а исправената глава ќе ја покаже вашата самодоверба.
  7. Бидете грациозни. Не се обидувајте да глумите дека сте манекенка на модна писта. Правете ги чекорите на начин, на кој што ќе изгледа како да не вложувате напор.
  8. Обрнете внимание на рацете. Обидувајте се колку што е можно повеќе рацете да ви бидат слободни и опуштени покрај телото. Тоа ќе ја потцрта вашата елегантност.
  9. Движете се бавно. Правете мали чекори. Испланирајте си повеќе време за да стигнете до одредено место, ако носите високи штикли.
  10. Грижете се за вашите стапала. Стапалата имаат потреба од нега не само во летните месеци. Редовно правете си масажи или уживајте во некој спа третман кој ќе си го направите дома.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20121 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.