Четири последователни ревии го задржуваа вниманието на публиката на вториот ден од Скопски моден фестивал.
Женственост и елеганција го одбележаа модното шоу на Евгенија Зафировска со Теја Јеглич од Словенија, фолклорни мотиви и пораки за мир доминираа во ревијата на Сара Реџиќ, спортскиот дух беше главен двигател на првата ревија на Superstacy, а грчкиот бренд STL Studios донесе урбан модернизам.