Скопски моден фестивал ги раздвижи креативните фантазии на вљубениците во модата. Брендови од земјава и регионот ги обелоденија своите стилски визии на големо задоволство на публиката желна за што повеќе возбудливи случувања.
На првото издание на Модниот фестивал, кој се одржува во Skopje City Mall, а кој цели да ги привлече љубителите на дизајнот, културата и уметноста, гостите се стремат да ја покажат својата индивидуалност.
Бројни посетители уживаа на вториот ден од Фестивалот посветен на ревиите на Евгенија Зафировска со Теја Јеглич, STL Studios, Сара Реџиќ и Superstacy. Еве како изгледаше околу пистата и „зад сцената“:
Фото: Александар Буневски / Femina.mk