Синоќа се одржа третиот и последен ден од ревиите во рамките на втората сезона на Скопскиот моден фестивал, која се реализира под слоганот „Can you feel the light?!”.
Стотина посетители пристигнаа во Скопје Сити Мол за да ги проследат модните шоуа на македонските брендови Herline, Стефанија Насеска, La Maison Cece T. и модната куќа Elena Luka.
Голем дел од гостите позираа пред фотографите пред да ги погледнат новите модни колекции. Погледнете како изгледаа:
Скопскиот моден фестивал продолжува со изложбениот салон во кој се поставени креациите на сите учесници на фестивалот.
Фотографии: Александар Буневски и Кристина Нановиќ / Femina.mk