Почетна » Убавина и мода » Мода » Најмодерни бои за сезоната есен/зима 2011-2012

Најмодерни бои за сезоната есен/зима 2011-2012

Романтични, привлечни, луксузни, практични и комплексни се актуелните бои за сезоната есен/зима 2011-2012. Иако во новите колекции модните дизајнери уште еднаш ја покажаа својата љубов кон црната и белата боја, сепак се истакна нивната креативност преку инвентивно користење на интересни нијанси кои инстантно маѓепсуваат. Еве некои од нив:

Виолетова

Виолетовите и пурпурните нијанси никако не го отстапуваат своето место меѓу трендовите, а дизајнерите очигледно го обожаваат нивниот софистициран, мистериозен и драматичен изглед, па за да останете во тренд, подгответе се и вие ја искористите нивната моќ.

Виолетова боја

Тегет

Кралската сина царуваше на модните писти. Дали поради опсесијата со кралската свадба или поради аристократскиот конзервативен впечаток што го остава, темносината боја ја освои наклонетоста на модните креатори.

Тегет боја

Боја на шампањ

Неутралните нијанси безгласно се протнуваат меѓу трендовите, но никогаш не остануваат незабележани. Женственоста и елеганцијата на шампањско бојата ќе ве шармира во истиот миг и моментално ќе посакате да биде дел од вашиот изглед.

Боја на шампањ

Црвена/бордо

Постигнете изглед на фатална жена со богати нијанси на црвена боја. И светлите и темните нијанси се подеднакво актуелни и впечатливи.

Црвена/бордо

Сива/сиво-кафеава

Колку и да сакате, во студените денови не можете да избегате од сивите нијанси. Изберете светло сиво кое потсетува на сребрено и нема да направите грешка. Хит нијанса: сиво-кафеавата.

Сива/сиво-кафеава боја

Боја на сенф

Есенското пожолтување на лисјата ќе ја акцентира привлечноста на оваа топла и егзотична нијанса на жолтата боја. Иако на прв поглед може да изгледа проблематична за комбинирање, бојата на сенф може хармонично да се совпадне со многу други бои, меѓу кои сивата, виолетовата и темната тиркизна.

Боја на сенф

Темна тиркизна

Тиркизната боја е совршен микс на сина и зелена боја, кој истовремено може да ве потсети на недостижните океански длабочини и магичната привлечност на скапоцениот смарагд. Комбинирајте ја темно тиркизната боја со пурпурна за да креирате неодолива луксузна хармонија.

Темна тиркизна

Ултимативна комбинација: црно-бело

Колекциите за новата сезона како никогаш досега беа преплавени со вечно модерните црно-бели комбинации.

Изборот на PANTONE

„Исто како ремек-дело на сликар, постои романтика во палетата бои за оваа сезона“ – Леатрис Ајсмен, извршен директор на Pantone.

Еве ги десетте нијанси кои се прогласени за најактуелни оваа есен:

Актуелни бои според Pantone

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.